5 работи што популарните девојки никогаш не ги објавуваат на Инстаграм

5 работи што популарните девојки никогаш не ги објавуваат на Инстаграм

Редовно го посетувате нејзиниот профил, почесто отколку што би признале, го знаете името на нејзиното момче, а дури забележувате и кога ги променува информациите во нејзината биографија на Инстаграм. Ова не значи дека сте личност која ги демне другите, туку дека таа девојка е навистина кул. Во продолжение следуваат нештата што овие девојки никогаш не ги објавуваат на Инстаграм, па доколку ги следите нивните „правила“ и вие набрзо ќе станете една од нив!

5 работи што кул двојките никогаш не ги објавуваат на Инстаграм

1. Скриншотови

Колку и да е интересен разговорот помеѓу нив и нивните пријатели или членови од семејството, кул девојките знаат дека на таквите фотографии местото не им е таму. Наместо тоа, тие претпочитаат истите да ги испратат во приватна порака до оние за кои се наменети да ги видат.

2. Фотографии со слаба резолуција

Заматени фотографии, слабо осветлување, дамки на камерата… Кај кул двојките никогаш нема да забележите вакви пропусти. Тие секогаш се трудат да објавуваат кристално чисти фотографии, а тоа е и една од причините зошто се толку популарни.

(2) 5 работи што кул двојките никогаш не ги објавуваат на Инстаграм

3. Многу хаштагови

Секако, тоа може да им помогне да добијат повеќе лајкови на нивните фотографии, но кул девојките знаат дека секоја фотографија е убава и интересна сама по себе, па затоа се одлучуваат да изберат само еден или два хаштагови на секоја од нив за да го доловат токму тоа што сакаат да го пренесат.

4. Премногу интимни или приватни фотографии

Фотографија од нејзиниот сопруг во кревет? Разголено селфи во огледалото каде што се забележуваат изгубените килограми? Не, ова нема да го видите на профилот на кул девојките, затоа што тие никогаш не откриваат премногу информации за нивниот приватен живот.

(1) 5 работи што кул двојките никогаш не ги објавуваат на Инстаграм

5. Фотографии каде што во позадина може да се види неуредниот кревет, неизмиените садови, валканите алишта…

Не значи дека тие постојано имаат средена соба или измиени садови, но знаат што треба да се наоѓа на една објавена фотографија до која има пристап целиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар