5 работи што може да ви се случат ако си легнете да спиете лути
Носењето на лутината во кревет е една од најштетните работи што можете да ги направите. Кога сте будни, можете да ги анализирате негативните емоции и да се ослободите од нив. Но, кога ќе легнете да спиете, непријатните чувства можат да растат, па дури и некоја помала непријатност може да прерасне во вистинска драма. Во продолжение прочитајте какво влијание има лутината врз вашиот сон.
1. Лутината го уништува вашиот сон
Стресот и другите негативни чувства прават да бидете физички будни и заспивањето и спиењето во овие околности стануваат многу потешки.
Исто така, докажано е дека нарушениот сон може да создаде повеќе лутина. Веројатно ќе се разбудите изморени наместо наспани и свежи. Во овој случај, гневот доведува до лош сон, а лошиот сон доведува до поголем гнев, формирајќи циклус во кој никој не сака да се најде.
2. Лутината е опасна за вашето здравје
Научниците веќе утврдиле дека квалитетот на сонот влијае врз целокупното здравје. Спиењето дејствува како терапија која ги стабилизира вашите емоции за да можете подобро да се справите со вашите чувства следниот ден. Но, лутината и стресот можат да го загрозат овој процес. Негативните емоции ослободуваат хормони на стресот, што ве прават уште повеќе раздразливи, а заедно со тоа може да се појават и многу загрижувачки симптоми.
На долг рок, тоа може да доведе до несоница, немирен сон и кошмари или, во најлош случај, проблеми со менталното здравје, како депресија.
3. Потешко е да заборавите на лошите чувства по спиењето
Истражувачите тврдат дека потешко ќе го потиснете негативното искуство по спиењето отколку пред тоа. Спиењето ги засилува емоциите, мислите и проблемите. Кога спиете, вашиот мозок ги обработува новите информации и ги складира во вашата краткорочна и долгорочна меморија. За време на спиењето, лутината оди во вашата долгорочна меморија и може да има долготраен ефект.
Лошото искуство значително се намалува ако останете будни потоа, додека спиењето ја „заштитува“ негативната емоционална реакција. Кога лошите чувства ќе се зацврстат во вашата меморија, ќе биде многу потешко да ги потиснете во иднина.
4. Бесот ја убива искреноста
Ноќта е време за интимност. Лутината го уништува расположението, но исто така воспоставува токсични навики. На крајот, започнувате да го поврзувате времето за спиење со лутина наместо со удобност и поврзување со вашиот партнер. Ако тоа се повторува редовно, може да се претвори во горчина и на крајот ќе ја уништи врската.
5. Испраќа негативна порака до вашиот партнер
Ако среде расправија одлучите само да се свртите и да го повлечете ќебето, ќе испратите порака дека повеќе ја цените „победата“ во конфликтот отколку одржувањето на здрава врска со личноста со која се расправате. Начинот на кој се справувате со несогласувањата може да ја зајакне или да ја уништи вашата врска.
Прочитајте ги овие 12 совети што ќе ви помогнат да се справите со лутината.