5 работи што ги разбираат жените кои се потпираат само на себе
Жените кои самите си се потпора, многу често стануваат и потпора на своите најблиски. Независноста и самостојноста звучат гордо, но тоа е само слобода, ограничена со потполна одговорност – најтешка за носење и практикување. Независните жени имаат своја група пријатели, на кои им се обраќаат кога им е потребна помош и во неа уште една исто така независна жена на која сите останати сметаат, како и таа на нив. Сепак, во најтешките периоди, тие самите го носат својот товар, кои во заедницата се дели, па макар и нерамноправно. Ова е „магијата“ на самостојноста, која ја разбираат само жените кои се навикнати да се потпираат само на себе.
1. Тие најчесто се самохрани мајки
И кога децата ќе им потпораснат, па можат да земат некои обврски и одговорности, тие и понатаму се трудат да не ги преоптоваруваат, да на им го одземаат детството и безгрижноста. Тие често слушаат разумни коментари од оние кои не се во нивна кожа, од типот: „Децата ти се веќе големи, можат да го направат тоа наместо тебе“. Да, точно, но тие не сакаат да се потпираат врз нивните деца повеќе од она што е неопходно. Сакаат да ги заштитат и да им олеснат, како што и останатите родители прават. Тие имаат своја работа и не треба да бидат оптоварени со обврски кои децата во заедницата ги немаат. Тоа честопати не е можно во онаа мера, во која тие би сакале, па затоа нивните деца се позрели и поспремни да „скокнат“ и да го направат тоа што е потребно. Понекогаш, тие мора да го побараат тоа од нив, бидејќи нема од кој друг.
2. Независноста честопати не е избор, туку комбинација на околностите
Децата, работата, изнемоштените родители, вдовството – животните околности од жената која сакала регуларно семејство, заедништво и партнерство, направиле центар на семејната стабилност. Таа станува една личност на која сите останати наоколу сметаат. Исплашена, загрижена и растргната, жената престанува да се запрашува како ќе направи и што ќе направи, бидејќи тоа се прашања без одговор, кои го повикуваат чувството на беспомошност и помош која нема од каде да дојде. Но, таа ќе зајакне и засекогаш ќе остане јака, секогаш спремна да извлече сила од некаде, одлучност и енергија, да ги заштитат децата, да им помогнат на родителите, борејќи се за кариерата, да заработат и место во општеството, борејќи се за моментите на опуштеност и среќа, свесни дека за слабоста, кукањето, плачењето и самосожалувањето нема место, доколку сака да го зачува своето здравје и здравиот разум.
3. Тие знаат дека мора да се стават себеси на прво место
Кога се главни и одговорни, мораат да бидат способни да ја извршуваат својата должност, а посебен притисок создава ситуацијата кога се одговорни и за оние кои зависат од нив. Како се носат со стресот? Па најпрво, со став. Тоа што за вас е стрес, за нив е вообичаен, нормален живот. А потоа, свеста за тоа дека мораат да водат сметка за себе, дека секогаш мора да се погрижат за себе, за да останат вклучени и способни да одговорат на сите предизвици. Тие ги знаат своите граници и честопати се принудени да ги преминат. Во таквите периоди, за нив грижата за себе е императив – одморете се доволно, јадете, спијте, движете се, медитирајте, земете додатна доза витамини и секогаш дотерајте се и нашминкајте се. Силата и самодовербата одат заедно, а добрата фасада и тоа како ги поддржува.
4. Емотивните врски се многу поважни кога сте самостојни
Жените кои се потпираат на самите себеси, добро ја чуваат и негуваат својата љубов. Тие знаат дека е илузорно да бараат пакет топлина, поддршка, вљубен жар и среќа во еден маж, па своите емотивни потреби ги исполнуваат на различни начни. Љубовта кон пријателите, децата и семејството, неизмерно ги исполнува и задоволни се доколку пронајдат партнер кој не им го комплицира животот. Исто така, тие не го чекаат својот принц, туку прифаќаат реални мажи, онолку колку и како ќе им се предадат, не фантазирајќи за среќен крај, бидејќи тие совршено добро ги познаваат краевите.
5. Она што сама ќе го освоиш и стекнеш, те исполнува со најголемо задоволство
Пријателите со кои сте опкружени, парите кои ги заработувате, успехот кој никој не ви го обезбедил, ниту пак некој ве поттурнал, децата кои пораснале во навистина прекрасни луѓе, сè што сте постигнале сами, сте го платиле со највисока цена. Но, тоа постигнатото е само ваше, срцето ви е на место, умот ви е мирен, а телесната енергија обновена со длабоко чувство на задоволство за себе и својот живот.