5 работи кои никако не би требало да ги правите на вашите гради

5 работи кои никако не би требало да ги правите на вашите гради

Женските гради отсекогаш биле предмет на фасцинации. За мажите пожелни, за децата потребни, а за жените симбол на женственост и идентификација со другите жени. Најчесто со познатите дами. Славните личности често зборуваат за своите естетски зафати и на некој начин ги диктираат трендовите, па сигурно сте слушнале како Ким Кардашијан ги мести своите гради за да има совршено деколте. Односно, таа своите гради ги лепи со селотејп. На сите нас тоа ни изгледа како занимливо и убаво, но пред сè треба да мислите на вашето здравје. Бидејќи тие се еден од најчувствителните делови од женското тело, овие пет работи не доаѓаат предвид.

2-5-raboti-koi-nikako-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-so-vashite-gradi-www.kafepauza.mk_

1. Селотејп ленти

Доколку овој „трик“ со селотејп лентите ви изгледа како нешто што би можеле да ги испробате на вашите гради, тогаш ризикувате да добиете многу опасна иритација, особено во пределот на брадавиците, кои се и најчувствителни. Селотејпот сепак има своја намена, а тоа дефинитивно не се градите.

2. Ботокс и „вампирски третман“

За да ги подигнат и зацврстат своите гради, жените често се одлучуваат за оваа интервенција. Како што и самите естетски хирурзи истакнуваат, освен што е скапо, овој ефект не е долготраен, а има и несакани ефекти во однос на појавување вишок кожа. Таканаречениот „вампирски третман“, како што и самото име кажува, има врска со крвта. Всушност, вашата крв се инјектира во градите, исто така поради ефект за подигнување и зголемување на градите.

3. Депилација на влакненцата на градите

Освен тоа што може да предизвика сраснување на влакната и иритација, овој третман остава и непријатни изгореници. Електролизата, исто така не е добро решение, биејќи може да доведе до појавување на белези. Скратувањето со ножички е во ред, но доколку сакате да ги отстраните, најдобро е да отидете на ласерско отстранување.

1-5-raboti-koi-nikako-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-so-vashite-gradi-www.kafepauza.mk_

4. Трчате во градник за јога

Овој градник никако не се препорачува за трчање, бидејќи не им овозможува доволна поддршка на градите. Дури може да доведе и до пукање на сврзното ткиво во градите, поради кое тие ќе започнат да висат. Затоа најдобро е да купите вистински спортски градник кој ќе ви ги стегне градите и нема да им дозволува многу да се поместуваат.

5. Пирс на брадавиците

Самата помисла на оваа идеја е непријатна, па затоа би требало да бидете особено претпазливи со овој начин на украсување, кој не е ниту малку безболен. Пирсингот на брадавиците може да создаде рак од добивањето апцеса (гноен чир) кој е доста болен. Покрај тоа, пирсот може сериозно да ги оштети млечните канали, што може да претставува проблем кога ќе имате дете. Исто така, некои жени се алергични на металите кои се користат за пирсови, па тоа може да предизвика нафрлање и други типови инфекции.

Секоја од нас сонува за бујни и цврсти гради, но поради естетиката, не би требало да си играме со оваа чувствително подрачје. Модните трендови се менуваат од ден во ден и не е реално сите да ги следиме. Редовните гинеколошки контроли, како и самостојните прегледи на градите се нешто на кое треба да посветите поголемо внимание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар