5 работи што жените мислат дека се одбивни за мажите, но всушност не се
Понекогаш жените премногу размислуваат и се грижат за работи кои мажите не ги ни забележуваат. Се појавуваат на некој настан и низ главата им поминуваат илјадници мисли: „Се познава ли дека косата не ми е измиена?“, „Ќе забележи ли некој дека одамна немам отидено на маникир?“, „Се забележува ли дека сум ставила некое кило плус?“ и многу други. Бидете сигурни дека на мажот овие работи воопшто не му ни паѓаат на памет. Ако е заинтересиран за вас, тоа значи дека му се допаѓате и вие и вашиот изглед. Тој не се заморува со ситниците кои вас ве мачат. Најверојатно и тој самиот е загрижен за тоа каков впечаток остава, дури и да изгледа најсамоуверено на целиот свет. Следен пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, потсетете се дека на мажите воопшто не им пречат следниве работи:
1. Ако се испотите
Немојте да избегнувате да правите физички активности заедно како трчање или возење велосипед само затоа што се плашите да ве види испотени. Немојте да се срамите да кажете дека сте вежбале. Всушност, фактот дека се грижите за вашето тело е огромен плус и нема маж кој би ви го замерил тоа. Секако доколку вежбате, но потоа не се истуширате, ќе го избркате веднаш.
2. Ако му пишете прва
Жените обично премногу размислуваат пред да пратат една обична порака. Се оптоваруваат со непотребни грижи да не бидат сфатени погрешно, да не изгледаат премногу заинтересирани и слично. Не заборавајте дека и на мажите им е тешко да го направат првиот чекор. Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да му испратите први некој сладок текст за убав ден. Тоа ќе му даде знак дека нема да го одбиете и ќе го охрабрите да продолжи со освојувањето.
3. Ако имате целулит
Целулит, стрии и какви било други неправилности на телото. Медиумското влијание го наметнува мислењето дека мажите сакаат жени со совршено тело. Но, тоа е далеку од вистината! Мажите ги сакаат малите несовршености кај жените бидејќи тие ги издвојуваат и ги прават посебни. На крајот на краиштата, доколку тој не ве прифаќа таква каква што сте, не ве заслужува и нема потреба понатаму да си го губите времето.
4. Ако не знаете да танцувате
Колку мажи познавате што знаат да танцуваат? Многу малку, нели? Така што дури и да сметате дека сте родени со две леви нозе, тој секогаш ќе мисли дека знаете да танцувате подобро од него. Немојте да се грижите за тоа како изгледате. Едноставно препуштете се на ритамот и забавувајте се. Важно е да се забавувате заедно како да сте сами на светот. На тој начин ќе се зближите и значително ќе го зацврстите вашиот однос.
5. Ако немате исти интереси
Не е важно дали ви се допаѓаат истите филмови или дали ја слушате истата музика. Во ред е да сакате различни работи. Немојте да се преправате дека имате исти интереси како него само затоа што мислите дека така ќе го задржите. Бидете она што сте. Многу поважно е да сте отворени кон нови искуства отколку со часови да разговарате за новата епизода од „Игра на тронови“.
Запаметете дека никој не е совршен. Сите ние имаме свои недостатоци кои треба да ги прифатиме и да ги свртиме во наша корист. Доколку забележите дека ви замерува поради некоја од овие работи, тој не е за вас и треба да се ослободите од него што е можно побргу.