5 проблеми со кои се соочуваат исклучително интелигентните луѓе

5 проблеми со кои се соочуваат исклучително интелигентните луѓе

Паметните луѓе кои се одликуваат со висока интелигенција обично се соочуваат со завист од околината. Тие секогаш имале највисоки оценки на училиште и на факултет, добро се снаоѓаат на работните места, се чини дека со леснотија доаѓаат до решение на секој проблем… Но, пред да почнете да се споредувате со некоја таква личност од вашата поблиска околина, затоа што мислите дека тој или таа секогаш имаат одредена предност пред вас, знајте дека и тие луѓе се соочуваат со проблеми поврзани со својата интелигенција, кои некогаш знаат навистина да им бидат големи пречки во животот.

(1) Пет проблеми со кои се соочуваат исклучително интелигентните луѓе

1. Интелигенцијата создава притисок за успех

Поради леснотијата на сфаќање на она што другите, просечни луѓе, не го гледаат, кај интелигентните личности се создава неверојатен внатрешен притисок. Интелигенцијата создава притисок за достигнување подобра кариера, повисоки примања и повисок општествен статус. Овие луѓе тешко прифаќаат неуспех и ситуации во кои работите не одат по нивниот строго зацртан план. Си поставуваат високи цели, а разочарувањата кај нив се големи, кога тие цели нема да ги остварат.

2. Тешко создаваат пријателства

Најголемиот дел од луѓето се свесни за потребата од социјални и интимни врски, но и дека колку бараат, толку треба и да дадат за одржување на еден однос и пријателство. Меѓутоа, луѓето со висока интелигенција ретко имаат мирни моменти во својата глава и поради тоа им недостасува социјална чувствителност, преку која се развиваат односите и пријателствата.

3.Се карактеризираат со аналитичка преоптовареност

Кај високо интелигентните луѓе се случуваат толку многу мозочни активности, поради што е тешко која мисла да ја зграбат и да ја истакнат. За нив, донесувањето одлуки е тежок, макотрпен и стресен процес. Кога на тоа ќе додадеме дека, високо интелигентните луѓе имаат и тенденција кон физичка неактивност, се доаѓа до одговорот на прашањето зошто често патат од недостаток на сон и имаат совршена подлога за развој на депресија.

4.Интелектуална изолација

Кога успехот е рано одреден од оценките на училиште, стравот од неуспех може да ја уништи вистинската љубов за учење и страста за пренесување на своето знаење. Со оглед на тоа дека се предодредени да го споделуваат своето големо и разнообразно знаење со луѓето од околината, на високо интелигентните луѓе многу често се гледа како на претенциозни, кои сакаат да се наметнуваат. Замислете си вашиот мозок да работи под полна пареа. Додека ефективно ги изнесувате фактите, се фрустрирате од неможноста на останатите да ги сфатат. Поради тоа многу често овие луѓе се етикетираат како „сезнајковци“, иако не можат да сфатат зошто не наоѓаат разбирање од околината.

5. Вистинската среќа за нив е комплицирана

Во 1926 година, психологот Луис Терман идентификувал 1.500 студенти во Калифорнија кои имале коефициент на интелигенција од 140 па нагоре, а 80 од нив имале коефициент 170. Тие биле набљудувани во текот на животот. Во извештајот за нивното животно задоволство се наведува дека високиот интелект може всушност да значи дека се помалку исполнети. Хроничното „претерано размислување“ води кон социјална анксиозност. Неможноста за барање помош ја зголемува изолацијата, а молчаливоста ја уништува самоувереноста.

Сите ние имаме свои „демони“ низ главата, а високо интелигентните луѓе не се исклучок. Психоаналитичарот Карл Јунг рекол „Толкувањето на интелектот е само дел од вистината“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар