5 причини зошто секој од вас понекогаш треба убаво да се исплаче

5 причини зошто секој од вас понекогаш треба убаво да се исплаче

Плачењето е еден начин на кој се справуваме со негативните емоции, а истовремено е и еден вид одбрана против бактериите и други видови хемикалии. Ние заплакуваме кога сецкаме лук, кога ни навираат емоции, но и тогаш кога на пример, ќе ни влезе ситна мушичка во окото. Солзите не се лоши, ниту пак знак на слабост. Баш напротив, понекогаш тие се токму она кое ви е потребно во моментот…

5 причини зошто секој од вас понекогаш треба убаво да се исплаче

1. Солзите ги чистат очите

Солзите делуваат како природен антибиотик и можат за само 5 минути да убијат и до 95% од штетните бактерии во нашите очи.

2. Солзите го подобруваат видот

Може да се случи да дојде до дехидрација на мембраната, па токму поради тоа да се јават проблеми со видот. Во овој случај вие почнувате да гледате позаматено од вообичаено. Но, солзите помагаат и со овој проблем, така што ја навлажнуваат мембраната и го подобруваат вашиот вид.

3. Солзите ги елиминираат токсините

За време на 80-тите години, д-р Вилијам Феј, истражувач од медицинскиот центар Рамзи во Минеаполис, открил дека солзите имаат различен хемиски состав во однос на причината поради која се јавуваат. На пример, рефлексните солзи како оние кои настануваат од сецкање лук, се состојат од 98% вода, додека пак, емоционалните солзи се преполни со стрес хормонот пролактин. Токму затоа, доколку е потребно, тие се одличен начин на борење против токсините.

4. Солзите ни нудат утеха

Интересно е како плачењето може да ја зголеми активноста во одредени делови на нервниот систем со цел да го смири нашето тело по стресен настан, така што ќе го успори нашето срце. Истражувањата на оваа тема исто така откриле и дека плачењето го зголемува нивото на хормонот за среќа, окситоцин, кој го спречува испуштањето на стрес хормонот кортизол. Исто така при плачењето се ослободуваат и ендорфини, хормони кои настануваат за време на вежбање и сексуален однос. Токму затоа и се чувствуваме толку добро откако ќе се исплачеме.

5. Солзите ни нудат емоционално ослободување и поврзување со другите

Соочувањето со емоциите преку плачење ни помага полесно да продолжиме со својот живот. Плачењето ги буди нашите заштитнички инстинкти и делува како барање помош. Со други зборови, плачеме за да привлечеме внимание, а кај оние кои гледаат расплакана личност се буди внатрешниот заштитнички нагон и сакаат веднаш да ја утешат. На овој начин ранливоста ни помага да се поврземе со другите.

Други занимливости за солзите

Некои истражувања ни покажуваат дека жените плачат и до 4 пати почесто од повеќето мажи, но изгледа дека и двата пола подеднакво плачат за време на големи животни настани како на пример, загуба на блиска личност. Интересно е како мажите почесто плачат за позитивни настани, додека пак, жените почесто пуштаат солзи за негативните. Експертите веруваат дека за оваа разлика се виновни хормоните. Тестостеронот ја спречува потребата за плачење, додека пак женскиот хормон пролактин ја поттикнува емпатијата, а со тоа и солзите.

Постојат три видови солзи:
  • Рефлексни солзи кои штитат од иритација
  • Емоционални солзи кои настануваат од среќни или негативни настани
  • Секојдневни солзи кои ги навлажнуваат очите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар