5 причини зошто понеделникот секогаш ќе биде најлошиот ден од неделата

5 причини зошто понеделникот секогаш ќе биде најлошиот ден од неделата

Не можете да го победите понеделникот. Без разлика дали сте на училиште, на факултет, работите или сте во пензија, понеделникот секогаш ќе биде понеделник. Погледнете ги следниве причини зошто целиот свет би требало да направи петиција за да се забрани постоењето на овој ден засекогаш со цел сите ние да имаме подобар живот…

5 причини зошто понеделникот секогаш ќе биде најлошиот ден од неделата

1. Тој е првиот ден од неделата

Најчесто, добро е да се биде прв. На пример, ако сте биле први кои сте ја загубиле вашата невиност или пак, сте биле први во трка, тоа е супер. Но, понеделникот е како да сте биле први кои ги фатиле како мамат на тест. Тоа е едно од оние први нешта кои никогаш не носат добро.

2. Понеделникот ја уништува неделата

Понеделникот е толку лош, што скоро целата недела ја поминувате под стрес колку тешко ќе ви биде наредниот ден. Најчесто ова грижење започнува околу 3 часот попладне и не завршува сè додека не заспиете.

3. Ако сте имале одличен викенд, големи се шансите дека во понеделник сè уште ќе бидете под влијание на „дводневниот мамурлак“

Дводневниот мамурлак ги опфаќа и неделата и понеделникот, бидејќи сте испиле толку многу алкохол што на момент сте заборавиле дека постојат други денови освен сабота. Всушност, сте испиле толку многу што дури и не сакате повторно да помислите на пиење. Ова само дополнително влијае на тежината на понеделникот – денот кога правите проценка на вашиот живот и приоритети, откривајќи нови начини кои ќе ви помогнат да преживеете до следниот викенд.

4. Не е важно колку ќе спиете во недела вечер, вие секогаш ќе бидете уморни во понеделник наутро

Студиите ни покажуваат дека не постои разлика помеѓу 5-часовниот и 10-часовниот сон во недела вечер. Умот и телото цела вечер се подготвуваат за почетокот на неделата, па токму затоа и без разлика колку време ќе спиете, вие без сомнение ќе бидете преморени во понеделник наутро.

5. Секој понеделник нешто не е во ред со вас

Без разлика дали е главоболка, болно грло или мрсулав нос, вие никогаш не можете да бидете 100% здрави во понеделник. Како боговите на календарот да пуштаат 24-часовна болест во атмосферата на почетокот од секоја недела, правејќи ги понеделниците многу повеќе неиздржливи отколку што навистина се…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар