5 причини зошто е добро да имате непознати личности како цимери
Оние коишто сакаат да учат или пак работат надвор од своите градови, во повеќето случаи треба да живеат со цимери. Тоа може да бидат одредени познаници или пријатели, а неретко може да бидат и тотални странци. Доколку и вие се наоѓате во ситуација каде што треба да живеете со непознати, погледнете ги придобивките коишто ќе ги добиете со нивното присуство.
1. Ќе научите да комуницирате и зборувате на здрав начин
Вашето семејство ве знае од раѓање, па затоа, во многу случаи при комуницирањето тие ќе го разберат говорот на телото или пак оние работи коишто нема да ги кажете. Дури и долгорочните пријатели би ве разбирале на сличен начин. Но, кога ќе одлучите да живеете со непознати, вие ќе го немате овој луксуз. Секогаш кога ќе бидете изнервирани од нешто, вие ќе морате да го кажете тоа, затоа што не постои друг начин на којшто непознатите личности би ве сфатиле.
2. Ќе го проширите кругот на познаници
Ако продолжите да живеете на исто место и да ги правите истите работи, најверојатно ќе продолжите да ги гледате и истите луѓе. Ако сакате да запознаете нови луѓе и да добивате нови идеи, непознатите цимери најдобро ќе ве интегрираат во нова група луѓе.
3. Ќе заштедите пари и ќе живеете на место што инаку не би можеле да си го дозволите
Уште една позитивна работа којашто ќе ја искусите доколку се преселувате да живеете со непознати цимери е тоа што на крајот од секој месец вие ќе имате екстра кеш во вашиот паричник.
4. Ќе научите што ви е навистина потребно за да преживеете
При живеењето со цимери најверојатно вие ќе треба да приговарате околу заедничкиот простор и колку од вашите работи ќе можете да ги вметнете во новиот дом. На овој начин ќе морате да селектирате работи коишто и не ви се од суштинско значење за да преживеете. Ќе бидете изненадени од овие резултати.
5. Ќе научите како да се дружите со луѓе коишто не ви се пријатели
Вештината да бидете пријателски настроени кон луѓе кои не ги познавате (и од кои сакате да бидете на растојание) е нешто што ќе ви помогне во понатамошните дефинирања на вашите деловни односи. Ќе морате да научите како да се однесувате со луѓето без да ги знаете сите детали од нивниот живот. Оваа вештина не се добива лесно, а е потребна во многу ситуации.