5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

Според многу независни жени, 2016-та година не беше многу успешна кога станува збор за женскиот напредок во машкиот свет. Но, ова не е вистина со оглед на тоа што оваа година беше постигнат голем успех во однос на половата еднаквост во бизнисот. Темелите се поставени за уште поголем прогрес во 2017 година, а за тоа сведочат и следниве 5 работи…

5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

1. Мери Бара

Најамбициозниот и најдинамичниот извршен директор на јавна компанија во денешно време е жена. Станува збор за Мери Бара, извршен директор на компанијата „General Motors“. Бара е инженер по струка која максимално го зголеми профитот на оваа компанија и притоа ги сруши сите рекорди. Таа сака одново да ја изгради корпоративната култура која е веќе со децении стара, за да може да се натпреварува со иновациите на Силициумската долина. 2016-та беше нејзината најамбициозна година поради тоа што таа вложи огромна инвестиција во апликацијата „Lyft“. Бара е навистина незапирлива и покрај тоа што е мајка со кариера, таа наоѓа време да се залага за тоа повеќе да се образуваат девојчињата од областа на науката, технологијата, инженерингот и математиката (СТЕМ). Бара е жив доказ дека една жена успешно може да води индустриска компанија за производство и притоа да го прави тоа грациозно и елегантно без никакви скандали.

2. Промените во правото на породилно отсуство

Уште во 2015 година компаниите од различни сектори ги променија законите за породилно отсуство и во 2016-та тие повеќе ги земаа предвид потребите на вработените мајки и татковци, како и промените во составот и динамиката на едно семејство. Така на пример, компанијата „Fidelity“ изјавила дека ќе даде 26 недели отсуство на секој вработен што ќе стане родител, без оглед на полот или семејните услови. Сличен чекор направија и „American Express“ и Твитер кои понудија по 20-неделно отсуство за жените и мажите кои станале родители. Овој месец ИКЕА направија голем подвиг со тоа што понудија 16-неделно платено отсуство за сите нови родители, дури и за вработените кои се платени по работни часови. И покрај тоа што породилното отсуство е само еден од многуте елементи што водат кон полова еднаквост на работното место, поддршката и дарежливоста на овие компании поставуваат нови стандарди за другите компании и поттикнуваат дебата за овој проблем од еден сосема нов поразумен аспект.

5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

3. Многу компании почнаа да ја земаат предвид флексибилноста на работното место

Податоците собрани од страна на „Fairygodboss“ покажуваат дека покрај платата, флексибилноста е вториот најважен фактор што влијае на изборот на работа кај жените. Флексибилноста е многу значајна не само за жените со семејства, туку и за тие кои немаат деца. Добрите вести се дека компаниите како „GE“, „ American Express“ и Гугл почнуваат да ги намалуваат нивните очекувања дека работниот ден треба да трае од 9 до 17 часот. Компанијата „Dell“ се стреми кон тоа 50% од нејзината работна сила да има флексибилен работен распоред до 2020 година. „Dropbox“ и „Square“ исто така вовеле правила кои им дозволуваат на сите вработени самите да си го контролираат распоредот. Компаниите сакаат да ги вработуваат најспособните и најталентираните луѓе, па така тие смислуваат нови начини на кои би можеле да понудат поголема флексибилност со што би можеле да ја зголемат продуктивноста и задоволството на нивните вработени.

4. Јавно говорење

Половата еднаквост на работното место најдобро може да биде постигната благодарение на компаниите кои не се плашат да ја споделат нивната визија и достигнувања. На пример, оваа година три големи компании како што се „HP“, „Verizon“ и „General Mills“ преземале иницијатива и јавно изјавиле дека бараат поголема полова разновидност од нивните маркетинг агенции. Со тоа што сѐ повеќе корпорации јавно инсистираат на полова разновидност, половата еднаквост преминува од замаглена визија во конкретен приоритет. „General Motors“ први изјавиле дека нивниот главен совет е составен од 50% мажи и 50% жени. Постоеле големи дебати по ова прашање, но колку повеќе компании ја постигнуваат оваа цел, толку поголеми се очекувањата од оние кои не го прават истото.

5 причини зошто 2016-та беше успешна година за сите жени во светот

Тука вреди да се спомене и Марк Бенјоф, извршен директор на компанијата „Salesforce“. Имено, тој вложил 3 милиони долари за да ја поправи нееднаквоста во платите на неговите вработени. Еднаквата плата е најголемиот проблем за жените, особено затоа што многу работодавци тврдат дека е навистина тешко да се одреди нееднаквоста кога вработените имаат различни улоги, искуства, образование и слично. Иницијативата на Марк Бенјоф ги отфрла сите овие претпоставки и претставува пример за сите компании кои размислуваат да преземат сличен чекор.

5. Јавни податоци за половата разновидност во компаниите

Транспарентноста и јавното поставување на целите се едни од главните чекори што треба да се преземат за да се постигне вистинска промена. Во текот на минатите години, неколку компании од Силициумската долина храбро изјавиле дека целат кон полова разновидност. Оваа недела, Пинтерест ја оствариле нивната цел од 2015 година и ја зголемиле половата и етничката разновидност во рамките на нивните инженерски тимови. „Accenture“ е првата голема компанија за советување која јавно ги објавила демографијата на нејзиното работно место и изјавила дека главен приоритет е да се постигне полова разновидност.

Со сите овие инвестиции и иновации, можеме да очекуваме дека 2017 година ќе биде навистина возбудлива за сите жени кои сакаат да успеат во деловниот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар