5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

Иако пандемијата влијае врз нашиот вообичаен начин на патување, така што денес ни треба посебна подготовка за да се чувствуваме безбедно на саканата дестинација, сепак, и тоа е остварливо. Туристичката сезона веќе не е во полн ек, но од друга страна, есента е идеално време за нови познанства па и за патувања: во топлите есенски денови можете мирно да шетате по прекрасните локалитети и поевтино да платите за хотелски аранжмани. Во продолжение, ви препорачуваме 5 дестинации за оваа есен.

Пет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

1. Бордо, Франција

Избран за најубава дестинација во Европа, Бордо е град што ќе ги оживее вашите сетила за мирис и вкус, место каде ќе доживеете преубави спомени. Бордо го посетуваат оние кои бараат автентично место, историја, топлина, насмевки, традиционална гастрономија. Не пропуштајте ја плажата Аркашон во близина на градот, чија убавина ќе ве натера да се заљубите во југоисточниот француски регион, Аквитанија. Бордо истовремено е традиционален, модерен, класичен и космополитски град, а есента е идеално време за негова посета.

Пет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

2. Фиренца, Италија

Туристи од сите краишта на светот ја посетуваат Италија, а особено оние во потрага по мали, романтични места и културни крстосници. Во Италија се наоѓа и дел од најубавите музеи во светот. Па така, за време на некој тивок есенски ден можете да ја посетите галеријата Уфици во Фиренца и да им се восхитувате на ремек-делата на италијанските сликари и скулптори.

Пет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

3. Билбао, Шпанија

Некои од најголемите светски уметници како Енди Ворхол, Ив Клајн и Жан Мишел Баскија ве очекуваат во музејот Гугенхајм во Билбао. Во овој период од годината, бројот на туристи кои го посетуваат музејот е намален, така што нема да чекате редици. Во постојаната музејска поставка се изложени извонредни уметнички дела на кои ќе може да им се восхитувате во тишината на тивките музејски сали. Доколку претпочитате пејзажи, нема проблем! Лозјата околу Билбао се вистинска ерупција на есенски бои.

Пет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

4. Торино, Италија

Уште еден италијански град на нашата листа со предлози. Торино е совршена опција за оние кои сакаат да ја истражуваат Италија. Местото кое никако не смеете да го пропуштите во Торино е египетскиот музеј, вториот најголем музеј во светот за египетската цивилизација по оној во Каиро.

Пет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

5. Будимпешта, Унгарија

Главниот град на Унгарија е вистинската дестинација за уживање во есен. Искачете се по ридовите на Будимпешта и уживајте во преубавата панорама на Дунав, зградата на Парламентот, а дрвјата во кафено есенско руво ќе направат да се чувствувате сакано во еден од најромантичните градови во Европа. Градот нуди безброј активности – возење со кочија, крстарење по Дунав, посета на ридот Гелет, базиликата Свети Стефан… листата е бесконечна. За што и да се одлучите, нема да погрешите!

Пет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

Доколку ви се допаднаа нашите предлози, погледнете ги овие 15 спектакуларни фотографии кои ќе ве однесат на патување низ целиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар