5 прашања што ќе ви помогнат да запознаете секого до срж

5 прашања што ќе ви помогнат да запознаете секого до срж

Запознавањето нови луѓе може да биде предизвик, но и возбудливо искуство. Со цел да го забрзаат процесот на запознавање и спријателување, психолозите составиле листа од 5 прашања што можат да ви ги откријат најважните карактеристики за личноста пред вас. На тој начин уште веднаш ќе дознаете дали сте компатибилни и дали има можност да започне цврсто пријателство.

1. „Како би се опишал/а себеси?“

Ова прашање може да изгледа многу едноставно, но начинот на кој ќе го одговорите открива многу за личноста. Таа ќе треба да се опише самата себеси, да зборува за себе, за својата работа, за семејството, пријателите и за сите останати нешто што ги смета за важни во животот. Вие ќе ги дознаете нејзините приоритети.

2. „Кој е твојот најголем успех?“

Ова прашање ќе го открие минатото на личноста. Тоа што таа го смета за успех и начинот на кој ги поставува своите цели во животот е клучна информација за вас. Ова достигнување може да биде што било, професионално, академско, личност, спортско…

3. „Дали некогаш си прочитал/а добра книга?“

Ова прашање ќе ги раздвои луѓето што читаат од оние што не читаат, а тоа многу кажува за одредена личност. Исто така ќе дознаете каков вид книги сакаат или не сакаат, а тоа ќе ви даде идеја и за оние нешта што им се допаѓаат или не им се допаѓаат во вистинскиот живот.

4. „Која е твојата работа од соништата?“

Ова прашање има многу потенцијал за откривање на креативноста на личноста. Со одговорот ќе дознаете дали тој или таа има креативна и забавна страна. Обрнете внимание и на тоа колку брзо треба да одговори, така ќе знаете дали досега размислувал/а на оваа тема или не. Исто така ќе дознаете и што работи сега, и дали е среќен/среќна или несреќен/несреќна во својата област.

5. „Кој е твојот личен херој?“

Обожувањето на хероите воопшто не е невообичаено. Ова прашање ќе ви ги открие нивните вредности и начинот на кој самите сакаат да станат подобра личност. Без разлика дали станува збор за член на семејството, спортска ѕвезда, славна личност или автор. Ова е одлична прилика да дознаете сè за вредностите на личноста со која сега сте се запознале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар