5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

Најдобриот начин да го почувствувате етосот на една земја е да ги посетите нејзините енергични пазари за храна. Почувствувајте го мирисот на свежо печените производи и колачи, остварете контакт со очите со локалните продавачи и вкусете ги локалните специјалитети. Овие пет пазари за храна, распространети низ целиот свет, треба да бидат на вашата листа за 2020 година.

1. Пазарот „Цукиџи“ во Токио, Јапонија

5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

Токио има стотици пазари на секој чекор во градот. Но, еден од најпопуларните е пазарот „Цукиџи“ кој започнал со работа околу 1935 година. Големопродажниот внатрешен пазар, добро познат по аукциите и по продажбата на риби со голема тежина, во 2018 година се преместил во Тојосу, но сепак, „Цукиџи“ сè уште е најпопуларниот пазар на отворено. Пристигнете гладни бидејќи има многу избор на места за јадење и посетете го пазарот рано наутро за да пробате свежо суши.

2. Пазарот „Ла Мерсед“ во Мексико Сити, Мексико

5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

„Ла Мерсед“ е најголемиот народен пазар во Мексико Сити и се наоѓа во еден од најстарите историски делови на градот. Препорачливо е да ангажирате водич, не само за да се движите низ лавиринтот на улиците и низ илјадниците тезги, туку и за да ви посочи каде да ги пробате најдобрите традиционални мексикански јадења. Низ тезгите за месо ќе видите цели крави обесени и подготвени за купување, а разнобојните мексикански ќебиња се продаваат и во пазарот и околу него.

3. Пазарот „Бороу “ во Лондон, Англија

5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

„Бороу“ го освои признанието за најстар пазар за храна во Лондон, а функционира веќе 1.000 години. Додека чекорите низ овој пазар кој се наоѓа во срцето на градот, запознајте ги земјоделците лице в лице, поставете прашања за нивните производи и научете од каде потекнува храната што ја купувате. Лондон е меѓународен град, а производите на пазарот се рефлексија на луѓето што живеат во тој град. За време на вашата посета на овој пазар, можете да пронајдете храна, зачини, пијалаци и предмети од различни страни на светот.

4. Пазарот „Махане Јехуда“ во Ерусалим, Израел

На северната страна на Портата Јафа во Ерусалим се наоѓа еден од најголемите пазари во Израел. „Махане Јехуда“ е голем пазар за овошје и зеленчук (и за многу други производи) кој датира од османлискиот период. Таму ќе видите многу локални жители и туристи од најразлични вери и култури кои продаваат или купуваат производи. Додека ја истражувате трговската област, ќе откриете каков е животот во овој дел од светот и ќе добиете една слика за израелското општество.

Ако сте обожавател на алва, таму ќе најдете безброј видови. Не заминувајте од овој пазар без да вкусите израелско маслиново масло, солени колачи или фалафел. „Махане Јехуда“ е исто така забавно место за ноќен живот во Ерусалим, исполнет со музика во живо и со танцување.

5. Пазарот „Урубамба“ во Урубамба, Перу

5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

Урубамба се наоѓа во висорамнините на Светата Долина на Перу, а во пазарот на овој град ќе најдете свежи производи, месо, зачини, грав, кафе, ореви и многу други производи. Тука ќе видите многу повеќе видови компири отколку што веројатно сте виделе досега во животот затоа што во пределите на Андите растат повеќе од 4.000 видови компири. Посетата на овој пазар е незаборавна авантура бидејќи не само што ќе ја доживеете динамичната култура, туку и ќе видите многу чудни и необични работи.

Погледнете кои се десетте најубави места што треба да ги посетите во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар