5 парчиња женска облека кои мажите сметаат дека се чудни
На момците многу нешта им се чудни – женската мода, шминка, диетите… На кратко, жените во целост. Понекогаш се во состојба само да нè гледаат и да се чудат што сè можеме да носиме, а што не. За малку да ве забавуваме, откривме кои парчиња женска облека (и еден вид обувки) се чудни за момците. Погледнете!
1. Бохо широк фустан
Ним овој фустан им изгледа како мини шатор кој е закачен на нашите рамена. Но, тие не знаат дека овие фустани се хит во текот на целата година! Станува збор за опуштен изглед, кој можеме да го носиме секаде, а удобноста која ја обезбедува е неверојатна. Нема ништо да „виси“ од страна, струкот не се гледа, па не е важно која градба на тело ја имаме или дали сме качиле некој килограм. Ние ги обожаваме овие фустаните, без разлика на мислењето на мажите.
2. Маици и блузи со ролка
Момците се, како што и самите знаете, визуелни суштества кои сакаат да гледаат и да истражуваат сè, а особено телото на жената. А ние со ова парче облека им го одземаме погледот на она што најмногу го сакаат кај жените – клучната коска (или за некои – деколтето). Не им е јасно како не се гушиме од тој тесен материјал околу вратот и зошто едноставно не носиме шал на обична блуза. Се гледа дека не знаат ништо во врска со модните трендови… Ролката е едно од омилените дневни парчиња на секоја жена, особено во текот на есента и зимата.
3. „Машки“ фармерки
Ако модата се дели на машка и женска, зошто тогаш девојките имаат тенденција да носат машка облека? Најпрво, машки поткошули, па кошули, а сега и фармерки… До душа, скроени за девојки. На нив особено не им се допаѓа тоа што кога ќе облечеме ваков вид фармерки нашите облини, т.е. задникот не доаѓаат до израз. Притоа ним им изгледа како да носиме голема пелена. Ех, кога само би знаеле колку се удобни и колку многу ги сакаме, особено кога ќе ги соблечеме тесните фармерки или здолништето.
4. Комбинезон
Дали го носиме затоа што нè мрзи да избереме панталони и блуза или е нешто друго во прашање? За мажите, првенствено тоа е падобранско одело кое модата го преработила во свечено парче. Според нив, ние сме луди кога ќе облечеме еден секси, црн комбинезон. И полесно е да облечеме комбинезон, отколку да избираме половина час што ќе ни се совпаѓа со новите панталони. Но, на кого му е грижа за тоа…
5. Обувки со платформа
Постојат два вида женски обувки – рамни и со висока потпетица, помеѓу не постои. Бар за момците, кои секојпат се запрашуваат што носиме на нозете, кога обуваме сандали на платформа. Дефинитивно мора да им објасниме зошто сакаме да ги носиме – бидејќи се многу поудобни од високите потпетици, а ја издолжуваат фигурата.