5 нешта што не сте ги знаеле за Џим Морисон
Поетот и текстописец, најпознат како пејач на рок групата The Doors, Џим Морисон, успеал да направи многу во 27 години живот. Погледнете пет факти што можеби не сте ги знаеле за него и неговиот живот.
1. Имал коефициент на интелигенција од 149
Морисон бил страсен читател уште од рана возраст, а омилени за читање му биле филозофијата, поезијата, па дури и книги за демонологија од 16-тиот век. Неговите музички способности не им биле познати на соучениците во средно. Морисон дипломирал на Универзитетот UCLA во насока театарска уметност.
2. Ван Морисон го научил на сè што знае
Додека бил на факултет, Џим го запознал Реј Манзарек, колега и клавијатурист, со кој го оформил бендот што подоцна ќе стане познат како The Doors. Името доаѓа од книга на Олдос Хаксли „Вратите на перцепцијата“ (The Doors of Perception). Другите членови биле гитаристот Роби Кригер и тапанарот Џон Денсмор. Во книгата на Денсмор „Јавачи на бурата“ (Riders on the Storm), тој пишувал за времето кога биле предгрупа на бендот на Ван Морисон во 1966-та година и како Морисон научил неколку работи.
„Џим Морисон учеше брзо од Ван – неговата непромисленост, начинот на кој ја импровизира поезијата на рок ритам, дури и неговата навика за клекнување.“
3. Добил забрана од шоуто на Ед Саливан
Не било потребно долго за славата да затропа на неговата врата. Во 1967-ма година, The Doors имале хит број еден и најавено појавување во едно од најголемите шоуа на американската телевизија во тоа време – шоуто на Ед Саливан. Неколку минути пред почетокот, продуцентот го замолил бендот да замени неколку стиха од песната „Light my Fire“. Бендот се согласил со промената, но откако продуцентот заминал Морисон изјавил дека нема да променат ни збор.
И се случило токму тоа. Ед Саливан бил гневен по перформансот на бендот и наместо да се ракува со нив, веднаш побарал реклами. Продуцентот им кажал дека Саливан ги сакал за уште шест емисии, но соработката прекинала тогаш.
4. „Riders on the Storm“ била инспирирана од сериски убиец
Последниот албум на Doors, „L.A. Woman“, го натерал нивниот долгогодишен продуцент да даде отказ и го нарекол половина завршениот материјал „коктел музика“. И покрај тоа, овој албум содржи некои од најголемите класици на бендот како „Love Her Madly“ и „Riders on the Storm“. Иако многу од втората песна е инспирирано од врската на Морисон со Памела Курсон, најпознатата строфа потекнува од сценарио што Морисон го напишал за вистински сериски убиец – Били Кук кој убил шест луѓе додека планинарел во Калифорнија.
5. Toj e првиот член на „Клубот 27“
Морисон умрел од предозирање со дрога во 1971-ва година во Париз на 27-годишна возраст. Ова се случило само една година по смртта на легендарните Џими Хендрикс и Џенис Џоплин, кои исто умреле на 27 години. Морисон бил закопан на гробиштата Pere Lachaise во Париз, каде што се наоѓаат гробовите на познати личности како Едит Пиаф, Колет и Оскар Вајлд.
Гробот на Морисон со години бил вандализиран од ревносни фанови кои пишувале графити, оставале гуми за џвакање и краделе. Истовремено постоел мит дека Морисон ја лажирал неговата смрт. Дури и во 2016-та година се појави клип на Јутјуб од човек кој тврди дека разговарал со Морисон кој наводно живеел во Њујорк.
Погледнете и како би изгледале најпознатите музички ѕвезди доколку беа живи и денес.