5 нешта што ќе бидат најголем тренд овој август
Од позите на Инстаграм што прават да изгледате добро, до највкусната торта, трендовите се нешто што постојано се менува. Овој август очекувајте овие 5 нешта да бидат навистина популарни.
1. Барби стапало
Ако ги следите модните блогерки и моделите на Инстаграм, сигурно сте го забележале Барби стапалото, најпознатата поза на социјалните мрежи за ова лето. Ова претставува стоење на вашите прсти додека телото ви е закривено. Целта е нозете да делуваат подолги и послаби.
2. Теретана за лице
Обичните теретани повеќе не се во мода. Овој месец најдобрите вежби се за вашето лице. Низ целиот свет почнале да се отвораат теретани за лице кои се нешто помеѓу спа и вежби. За време на сеансата, масерот ги користи своите раце или некои алатки за да ја стимулира циркулацијата на крвта и производството на колаген на лицето. Со ова се добива илузија на фејс лифтинг без употреба на игли.
3. Дезен со коцки
Иако овој дезен никогаш не излегол од мода, неодамна почна да се појавува на навистина нов, забавен и необичен начин. Од костими до мини чанти, овој дезен повеќе не е само за чаршафот за маса на вашата баба.
4. Торта од лубеница
Лубеницата е симбол на летото, но оваа сезона се употребува малку поразлично. Најпрво тортите од лубеница се појавија на Пинтерест, а оттогаш се речиси секојдневие. Со слоеви од бобинки и друго овошје, овој десерт е навистина вкусен и освежителен.
5. IGTV
Дали сакате социјални мрежи? Дали сакате телевизија? Инстаграм претпоставува дека одговорот и на двете прашања е да, па затоа го лансираа IGTV. На некој начин ова е алтернатива на Јутјуб. Опцијата е достапна од втората половина на јуни, но како што повеќе корисници ги учат можностите, очекувајте да гледате сѐ повеќе вертикални видеа од вашите омилени славни личности на оваа нова апликација.
Погледнете и кои трендови од 80-тите се хит ова лето.