5 нешта кои треба да ги знаете за крвните групи
Ако мислите дека вашата крвна група е важна само кога би ви била потребна трансфузија, тогаш дефинитивно би требало да го прочитате овој текст. Истражувањата покажале дека крвната група е клучен генетски фактор кој влијае врз многу области од вашето здравје и добросостојба. За време на вашиот живот, сигурно сте имале можност да забележите дека некои луѓе губат тежина полесно, додека пак за други оваа битка трае многу подолго време. Или дали некогаш сте се запрашале зошто одредени луѓе страдаат од хронични болести додека пак некои други постојано се здрави? Одговорот на сите овие прашања може да се најде во вашата крвна група.
Знаењето на крвната група е важна алатка при разбирање на начинот на кој вашето тело реагира на различни видови храна, на кои болести е подложно, која е природната реакција на стрес, како и многу други нешта. Една капка крв содржи биохемиски траги кои се уникатни исто како вашиот отпечаток од прст. Погледнете ги наредниве факти за вашата крвна група кои можат да го променат вашиот живот:
1. Вашата крвна група може да ја предвиди подложноста на одредени болести
Истражувањата покажале дека индивидуите со одредена крвна група можат да бидат на повисок ризик за одредени болести. На пример, студиите откриле дека оние кои имаат крвна група 0 имаат помал ризик за развивање срцева болест, но повисок ризик за стомачни чирови. Оние кои имаат крвна група А се поизложени на микробиомски инфекции, додека пак жените со оваа крвна група се поплодни. Други истражувања покажале дека оние кои имаат крвна група АБ и Б се на поголем ризик при развивање рак на панкреасот.
2. Луѓето со различни крвни групи различно реагираат на стрес
Оние личности со крвна група А во нивното тело имаат природно повисоко ниво на кортизол, кој е стрес хормон и токму затоа повеќе го произведуваат како одговор на стресни ситуации. Од друга страна пак, оние со крвна група 0 имаат „бори се или бегај“ реакција на стрес која резултира со преголема продукција на адреналин. На „нултите“ им е потребно повеќе време да се изборат со стресот бидејќи им е многу потешко да го исчистат адреналинот од нивното тело.
3. Антигените од вашата крвна група не се наоѓаат само во вашата крв
Антигените се насекаде низ телото, а особено многу на површината која е во интеракција со околината. Тоа го вклучува дигестивниот тракт, започнувајќи од вашата уста, па сè до дебелото црево, како и носните патишта и белите дробови. Бидејќи антигените се насекаде, тие влијаат врз реакцијата на она што го внесувате во вашиот организам. На пример, лектинот во одреден вид храна се поврзува со антигенот од вашата крвна група и предизвикува еден вид соединување кое резултира со чувство на замор, главоболки, дигестивни проблеми, проблеми со кожата како и многу други здравствени состојби.
4. Бактериите во цревата се поврзани со крвните групи
Луѓето со различна крвна група имаат и различни видови бактерии во цревата. Ова се случува поради нашите предци чии дигестивни системи се развивале така што ќе можат да ја поддржуваат начинот на исхрана во областа каде што тие живееле. На пример, макробиомите кај одредени луѓе се развиени на тој начин што многу поефикасно ги „кршат“ јаглехидратите (крвна група А), додека пак, некои имаат тенденција повеќе да ги складираат во вид на маснотии (крвна група 0).
5. Секоја крвна група има потреба од посебен нутрициски пристап
Истражувањата покажале дека не сите имаат исти базични нутрициски потреби. Сите ние знаеме некој кој е строг вегетаријанец и одлично се чувствува со овој режим на исхрана, додека пак за некој друг истиот ефект може да се постигне со друг вид на режим на исхрана, како на пример, безглутенската. Погледнете ја листата за исхрана која ја нуди диетата „Eat Right 4 Your Type“ со чија помош ќе можете да ја одберете онаа храна која ќе ја одржува вашата тежина на оптимално ниво, ќе ги намали воспаленијата и ќе ви ја зголеми енергијата.