5 нешта кои неверојатно многу ги нервираат келнерите во кафулињата

5 нешта кои неверојатно многу ги нервираат келнерите во кафулињата

Кафулињата се најдобрите места за дружба. Тие исполнуваат големи потреби – без разлика дали станува збор за зависноста од кофеин или за нешто што ќе ни ја заблажи душата, кафулињата се секогаш тука да ни помогнат да го преживееме денот. Тие се спремни да ни го дадат она што ни треба, но некои нешта што ги правиме едноставно ги нервираат вработените. Погледнете кои се тие.

0-5-neshta-koi-neverojatno-mnogu-gi-nerviraat-kelnerite-vo-kafulinjata-kafepauza.mk

1. Не си ја знаете нарачката

Веројатно имате доволно време за да размислите што сакате додека чекате во редот. Кога редот продолжува и вон вратата, а вие ги прашувате вашите пријатели што сакаат, наместо да му кажете на келнерот, тогаш тој не може да ви помогне. Голем дел од луѓето во редот зад вас нема да се баш среќни поради ова. Келнерите секогаш се желни да им помогнат на купувачите, но вие треба да им кажете што е тоа што го сакате.

2. Ги потсетувате за нарачката додека ја прават

Како што кажавме претходно, се случува да има огромни редици, а поради тоа вашата нарачка доцни. Постојат барем 10 пијачки кои треба да се направат пред вашата нарачка воопшто да биде видена. Тие знаат дека нарачката е направена и се трудат да ви ја донесат што е можно побрзо. Трпение – спасение.

Па дури и ако ја заборават вашата нарачка, тогаш тие ќе се обидат да ви надоместат на секаков начин – вклучувајќи го и тоа да ви го направат пијалакот побрзо. Ако има нешто што не е во ред со вашиот пијалак или едноставно не ви се допаѓа, тие ќе ви направат нов. Но, сепак чекањето на касата кога има огромен ред не му е на никого забавно.

3. Наместо да им кажете што сакате вие гестикулирате

1-5-neshta-koi-neverojatno-mnogu-gi-nerviraat-kelnerite-vo-kafulinjata-kafepauza.mk

Ако не знаете како се вика големината што ја сакате, тоа е нормално и во ред. Мало, медиум или големо е доволно објаснување. Може да покажете на чаша, дури и на погрешна, тоа воопшто не е важно. Тие сакаат да ви помогнат. Ако се обидувате да ја измерите должината со вашите раце тогаш сигурно ќе погрешите. Плус, изгледа навистина лошо. Ниеден келнер нема да знае што сакате ако му гестикулирате.

4. Ги злоупотребувате привилегиите кои ви се дадени

Запомнете дека келнерите се трудат да ви удоволат на кој било начин. Ако се премислите баш кога ќе ви ја донесат пијачката и тогаш сакате да ја промените, тоа не ви е баш најдоброто нешто што може да му го направите на келнерот. Секако дека тој ќе ја смени, но имајте на ум дека во моментот се прават уште 10 пијалаци.

5. Тие се љубезни кон вас, но не и вие кон нив

Тоа им смета на голем број луѓе. Ви текнува на чувството кога искрено ќе му пристапите на некој, а таа личност комплетно ве игнорира? Тоа чувство воопшто не е добро. Келнерите ве услужуваат и ви го даваат она што го сакате. Не е тешко да се биде љубезен, зар не?

Кога ќе ве замолат да бидете појасни околу нарачката, не им се лутете – тие само сакаат да се осигурат дека точно запишале. Тоа не значи да им зборувате бавно – тие ве разбираат што им кажувате. Едно од најголемите нешта што ги нервира келнерите е кога тие ќе ви речат „добар ден“ а вие директно нарачувате без да им возвратите на поздравот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар