5 неочекувани предности од цртањето

5 неочекувани предности од цртањето

Можеби мислите дека цртањето е вештина што ја знаат малкумина кои сакаат да станат големи уметници, но тоа е многу повеќе. Секој може да црта, без разлика на неговиот талент. Штом ќе се одлучите да ѝ дадете шанса на оваа активност ќе забележите неколку промени, а следниве 5 се навистина неочекувани.

5 неочекувани предности од цртањето

1. Подобрена меморија

Според неколку истражувања, цртањето има големо влијание на капацитетот на краткотрајната и долготрајната меморија. Всушност, цртањето е дури и подобро од пишувањето бидејќи бара комбинирање на семантички, визуелни и моторички аспекти од меморијата. Па доколку не можете да се сетите каде ви се клучевите или кој бил актерот од серијата што неодамна сте ја гледале, можеби цртањето ќе ви биде одличен начин да си вратите во ментална форма.

2. Подобра координација

Без разлика дали цртате нешто со молив или само сенчете, цртањето секогаш ја подобрува умешноста, подвижноста и моторичките способности на дланката. Покрај тоа, со цртањето доаѓаат и многу помошни активности, како кинење хартија, што ја подобруваат координацијата на очите и дланките. Без сомнение овие предности се дури и поважни за децата. Кога овие вештини ќе се развијат кај млад ум, таа личност повеќе ќе ги почувствува предностите подоцна во животот.

3. Вештини за комуникација

Бидејќи во цртањето нема зборови, тоа често ве тера да најдете нов начин на комуникација. Секој уметник со текот на времето подобро ги разбира човечките изрази на лицето, говорот на телото и емотивното влијание на боите и формите. Начинот на којшто ова влијае на комуникацијата е очигледен – бидејќи ќе го знаете значењето на изразите на лицето додека ги цртате, полесно ќе ги забележувате и во разговорите.

4. Подобрено решавање на проблеми

„Шкртањето“ кое е важен дел од уметничкиот процес, најверојатно помага во вашата способност за решавање проблеми. Со тоа што цртате линии на хартија и му дозволувате на мозокот да се поврзе со боите и со промените, полесно ќе смислувате разни решенија и ќе го гледате животот од разни перспективи.

5. Ослободување од стресот

Цртањето го стимулира дотокот на крв во предниот дел од мозокот. Ова значи дека луѓето кои цртаат се релаксираат, забораваат на нивните проблеми и им се намалува крвниот притисок. Едно истражување покажало дека 75% од луѓето кои се занимавале со креативна уметност биле порелаксирани и посмирени за разлика од другите. Најдоброто е што воопшто не било важно дали имаат талент за цртање.

Доколку сте убедени дека не знаете да цртате, овие „пред и потоа“ цртежи ќе ви докажат дека најверојатно и вие имате талент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар