5 необични земји со уште понеобична традиција
Земјите ширум светот се разликуваат на многу начини. Културата, обичаите и традициите не само што влијаат врз нашиот секојдневен начин на живеење туку и ја прават нашата држава различна од другите. Историјата, начинот на владеење, па дури и спортот – се елементите кои можат да придонесат за една земја да ни биде „необична“. Во продолжение прочитајте го нашиот список на земји за кои сметаме дека се карактеризираат со необична култура.
1. Казахстан
Сите оние кои го гледале Борат знаат зошто оваа земја во Средна Азија е дел од нашиот список на необични земји. Националниот пијалак на оваа земја се прави од ферментирано коњско млеко, а најпопуларното јадење е „кази“, колбас од чадено коњско месо. „Бузкаши“ е традиционален спорт, а називот во буквален превод значи „фаќање мртва коза“. Главната цел на играта е одржување контрола над топката што, всушност, е тело на коза без глава. После играта, секогаш следува забава. Казахстан е деветта по големина земја во светот, со над 130 различни националности. Сиромашните области се навистина мрачни и тажни, а големите градови, пак, како Астана, можат да се пофалат со футуристичка архитектура, одлични пабови, музеи и разни атракции.
2. Романија
Романија е модерна земја, добро интегрирана во посткомунистичка Европа и се карактеризира со интересна и необична историја. Приказните и легендите за вампирите потекнуваат токму од Трансилванија кое се смета за родно место на грофот Дракула. Овде ниту еден оброк не може да се замисли без „палинка“, овошен пијалак, сличен на руската вотка. Треба да бидете внимателни доколку го дегустирате заедно со традиционалните деликатеси. Во Романија постои изрека дека оној кој ќе направи најсилна палинка (каква што всушност и е невозможно да се пие) тој е најдобар домаќин. Романците обожаваат месо, па затоа оваа земја и не е популарна дестинација за вегетаријанците. Ако ви треба такси во Романија, заборавете на тоа. Најпопуларен начин за транспорт е автостоп.
3. Ерменија
Во оваа земја шахот е задолжителен предмет на училиште и вистинска, национална опсесија. Шахот е дел од наставната програма за основно училиште и подеднакво важен како историја или математика. Без излез на море, оваа земја се одликува со богата историја и култура. На север се граничи со Грузија, на југ со Иран, на исток со Азербејџан, а на запад со Турција. Главниот град на државата, Ереван, е познат како „розовиот град“ поради античките градби изградени од розова вулканска карпа. Ерменија има богата христијанска историја, а многу Ерменци се сè уште убедени дека арката на Ное била изградена на врвот на планината Арарат.
4. Бутан
„Ние не веруваме во бруто националниот производ туку во бруто националната среќа“. Ова се зборовите на кралот на Бутан за концептот кој почнал да се развива во 1972 година. Од тој момент, бруто националната среќа станала еден вид бутанска филозофија на животот, но и правило впишано во државниот устав. Бутанците имаат многу прични да бидат среќни. Околу 70% од хималајското кралство е составено од шуми, а високите планини ги чуваат недопрени реките. Посетителите ја нарекуваат оваа изолирана нација последната „Шангри-Ла“ во светот, мистична долина во која луѓето и природата ја пронашле својата хармонија. Во Бутан можете да видите огромни фалусни симболи кои ги красат куќите, храмовите, па дури и владините згради. Овде чилито се смета за главно јадење, а оризот се служи црвен.
5. Северна Кореја
Сигурно ви е сосема јасно зошто токму оваа земја се најде на нашиот список. Во оваа држава може да се влезе само преку Пекинг, а оние малку туристи кои успеваат да ја посетат, остануваат шокирани. Овде сите ги почитуваат владините правила, а туристичките водачи на посетителите им покажуваат необично сомнителна слика за з земјата. За време на престојот во Северна Кореја, туристите се постојано под надзор и можат да ги посетат само оние места што ќе им ги одреди Владата. Тие можат да добијат виза само во Пекинг и можат да патуваат единствено преку туристичките агенции Koryo Tours и Young Pioneer Tours.
Откако го прочитавте нашиот список со необични земји, можеби ќе сакате да прочитате и 10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку.
Извор: punkufer.dnevnik.hr