5 необични работи што се случуваат во вашето тело кога сте сексуално возбудени

5 необични работи што се случуваат во вашето тело кога сте сексуално возбудени

Дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело кога сте емоционално и физички возбудени? Можеби си мислите дека не се случува ништо посебно, но вистината е дека во тие моменти вашето тело доживува еден куп необични работи. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

5 необични работи што се случуваат во вашето тело кога сте сексуално возбудени

1. Може да се почувствувате парализирано

Не грижете се, ова не е опасно по здравјето. Вие сте само пречувствителни. Доколку ви се чини како да сте вкочанети, тоа е така затоа што сексуалната возбуда ги стимулира нервните завршетоци и тоа е сосема нормално. Сепак, доколку здрвеноста се претвори во болка, можеби би требало да отидете на лекар.

2. Кивање

И ова е сосема нормална појава. Обично се јавува непосредно по доживување оргазам.

3. Повеќе трепкате

Емоционалното и физичкото возбудување можат да предизвикаат да трепкате побрзо од вообичаено. Кога сме преплавени од емоции, нашите очи се обидуваат да ги сопрат солзите со помош на трепкање. Очите се многу чувствителни и одговараат и на најмалите дразби.

4. Похрабри сте

Според едно истражување, сексуалната возбуда ги прави жените похрабри. Имено, на испитаниците од женски пол им биле покажани страшни фотографии по гледањето порно филм. Резултатите покажале дека жените биле помалку исплашени од претходно! Интересен податок.

5. Не сте толку гадливи

Истото истражување докажало и дека жените се помалку гадливи кога се сексуално возбудени. Нештата како повраќање и вршење нужда не им се толку одвратни, ако претходно биле сексуално возбудени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар