5 навики поради кои вашите нозе изгледаат лошо

5 навики поради кои вашите нозе изгледаат лошо

Пролетта полека ги стоплува деновите, а со тоа и ни овозможува да носиме кратки здолништа и лесни фустанчиња. Токму затоа и почнуваме да обрнуваме многу поголемо внимание на нашите нозе отколку за време на зимата. Но, доколку не сте сигурни зошто вашите нозе не изгледаат онака како што треба, тогаш обрнете внимание на следниве грешки кои штетат на нивниот изглед…

5 навики поради кои вашите нозе изгледаат лошо

1. Избегнувате пилинг

Ако мислевте дека на вашите нозе не им треба пилинг, тогаш грешите. И на нозете се наоѓаат мртви клетки кои мора редовно да се отстрануваат. Дерматолозите препорачуваат пилинг еднаш во неделата, со тоа што секојдневно ќе ги мачкате со млеко или масло за хидратација.

2. Не ги менувате редовно жилетите

Кога сте во брзање, сигурно ви се случува да ги користите жилетите за една употреба и по неколку недели. Тоа е и причината поради која тие стануваат тапи и груби кон вашата кожа и со секоја наредна употреба сè повеќе ја иритираат. Обидете се да створите навика редовно да ги менувате жителите, додека пак ако имате од оние за повеќекратна употреба, држете се до упатството. За отстранување на влакненцата користете гел за бричење кој ќе му помогне на жилетот нежно да се „лизга“ по кожата.

3. Не им обрнувате внимание на гребаниците и повредите

Тешко е да се избегнат различните повреди кои оставаат ситни траги на нозете. Но, ако не ги третирате правилно, тие најверојатно ќе ви остават лузна. Со цел да го спречите тоа, не ја отстранувајте зараснатата крв предвреме. Дозволете ѝ сама да падне, додека тоа место го мачкате со маст или крема препорачана за таа намена.

4. Премногу седите

Голем дел од денешните работни места вклучуваат повеќечасовно седење. Вие поминувате барем 8 часа дневно пред компјутер и на работната столица. Со тоа ја спречувате правилната циркулација на крвта, па затоа и многу често нозете и зглобовите ви отекуваат. Сè ова води кон проширување на вашите вени. Со цел да ги спречите овие непријатни проблеми, обидете се што повеќе да ги протегате нозете за време на работното време. На секој саат станувајте и барем 1 минута шетајте низ вашата канцеларија.

5. Вкрстување на нозете

Со оваа лоша навика, вие на вените им ставате дополнителен притисок. Токму затоа и најздраво е доколку целосно ја избегнувате. Седнете со нозете нормално поставени пред вас, допрени едни до друга, а вкрстувањето сведете го на минимум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар