5 најголеми добитници на лотарија, а губитници во животот
За многу луѓе добивањето на главната премија на лото значи остварување на сонот. За жал, таа огромна сума пари си има своја тежина каква што некои личности не можат да поднесат.
Овие луѓе се добитници на лото премии, но се губитници во животот.
1. Убиство
Во приказната за Абрахам Шекспир не се работи за лоша инвестиција на неговите пари, туку таа има многу полош крај. Тој всушност се обидувал да им помогне на сиромашните и бездомниците со тоа што ги пуштал да живеат во својот дом. Помеѓу нив била и жената по име Ди Ди Батлер. Накратко, нејзината алчност била преголема и поради тоа го убила Абрахам и го закопала неговото тело. Секако нејзината цел била да ги земе неговите пари, но не успеала во тоа затоа што набрзо била уапсена и осудена за убиство.
2. Банкрот
На 60-годишна возраст, Џаните Ли добила 18 милиони долари. На почеток, тргнала на добар пат со тоа што направила секоја година да добива рата од по 620.000 долари. Повеќето од парите ги трошела како донации кон општеството обидувајќи се да направи добри дела. За жал, Ли не била толку добра со управувањето со парите, па затоа во еден момент морала да земе еднократна исплата која после некое време ја доведува до банкрот. Во 2001 година, Ли имала само 700 долари и била должна повеќе од 2,5 милиони долари.
3. Алчност
Пред да освои 16,2 милиони долари, Вилијам Пост Трети имал само 3 долари на неговата сметка. За само 3 месеци тој успеал да потроши половина милион долари – целата прва годишна рата – и да се задолжи со уште толку. За да бидат работите полоши, тој никогаш не би претпоставил дека неговиот брат ќе ангажира платен убиец да ги убие неговата жена и него. Сепак, брат му не бил единствениот кој ги сакал тие пари. И други членови од семејството се обидувале да добијат дел од парите така што го убедувале Вилијам да инвестира во лоши инвестиции. Во интервјуата, тој секогаш кажувал дека бил многу посреќен кога бил сиромав.
4. Самоубиство
Били Боб Харел Џуниор е уште еден сиромав добитник на лото премија. Во 1997 година, тој освоил дури 31 милиони долари. Животот потполно му се променил, а почетоците биле убави. Патувал насекаде со своето семејство и донирал пари за сиромавите. Не поминало долго време пред да почнат алчните луѓе да го бараат и следат, а тоа се главните причини поради кои Боб постојано морал да се движи и да менува телефони и лични податоци. После 6 месеци откако ја добил премијата, неговата жена го оставила. Боб сфатил дека неговиот сон се претворил во кошмар, па откако му кажал на својот финансиски советник дека овие пари се најлошата работа која му се случила, тој извршил самоубиство со пиштол, а тоа се случило 20 месеци откако ја освоил главната премија.
5. Кражба
Џефри Дампиер бил добитник на 20 милиони долари и веднаш почнал да ги користи со цел да започне свој бизнис. Во тоа време тој имал афера со неговата снаа, Викторија. За жал, Викторија и нејзиниот друг љубовник Натаниел, имале идеја да го ограбат Џефри. Тоа и го направиле, но ситуацијата излегла од контрола, па Натаниел ѝ рекол на Викторија дека ако не го убие Џефри, тогаш тој ќе ја убие неа. Џефри починал веднаш откако бил застрелан во главата.