5 начини на кои момчињата кои си играат со барбики се преобразуваат во неверојатни мажи кога ќе пораснат
Доколку забележувате дека вашиот син преферира да игра со барбики и други кукли, наместо со типичните „машки“ играчки, тогаш тој можеби е на вистинскиот пат кон станување неверојатен маж. Постојат многу придобивки од „женските“ играчки за малите момчиња, кои можат да им помогнат понатаму во својот живот, како и во начинот на кој формираат врски со спротивниот пол. Погледнете 5 од најголемите причини зошто не треба да му забранувате на вашиот син да си игра и со барбики…
1. Тој ќе има подобро разбирање за начинот на кој може да стане успешен
Не може секој маж кога ќе порасне да биде познат спортист, успешен модел или одликуван војник, но малите машки деца го очекуваат тоа од себе бидејќи на такви играчки биле изложувани. Според истражувањата, се верува дека голем дел од мажите кои не завршуваат факултет, а кои сакаат диплома, го потценуваат трудот кој е потребен да се вложи за да се стигне до успех и предвреме се откажуваат. Исто така тие сосема забораваат дека постојат и други професии кои би можеле да ги работат. Оние кои играат со кукли и барбики, имаат многу поширок видик кон својата идна кариера.
2. Тој ќе научи како да го цени успехот на жените
Кога момчињата си играат со кукли, тие создаваат приказни за нив. Многу од овие приказни се поврзани со авантура и успех, додека оние кои играат со „машки играчки“ им ја водат имагинацијата кон насилство, уништување и потреба за спасување на дамата во опасност. Кога вашиот син си игра со женски кукли, тој учи дека и мажите и жените можат да бидат успешни и херои, па токму оваа лекција ќе му помогне да ги цени жените и нивниот успех во иднината.
3. Тој на долг рок ќе биде попривлечен за жените
Постои популарно верување дека само екстремно мажествените мажи лесно привлекуваат жени. Тоа е далеку од вистината. Мажественоста се поврзува со добрите гени, доминацијата и можноста да се биде татко на здрави деца, но жените многу често ја сфаќаат како непожелна за улогата на родител. Од друга страна пак, оние мажи кои можат да ја сфатат и мажественоста, но и женственоста во целост и на еднакво ниво, токму нив жените ги гледаат како совршени родители.
4. Тој многу подобро ќе ја разбира еднаквоста помеѓу половите
Момчето кое редовно си игра со кукли ќе развие многу позитивно гледиште кон жените. Овој квалитет води кон чувство на почит за жените и гледишта кои воопшто не ги ограничуваат нивните вистински способности. Исто така големи се шансите и дека нема да ги поддржуваат типичните традиционални женски улоги во врската.
5. Тој ќе има подобар однос со неговата идна сопруга
Мажите истовремено имаат и мажествени и женствени страни на својата личност, исто како и жените. Играњето со барбики може да им дозволи да ја развијат својата емоционална чувствителност и со тек на време да се поврзат со оваа страна која најчесто се потиснува кај мажите на постари години. Емоционалната чувствителност е многу важна бидејќи им дозволува на мажите подобро да ги разберат емоциите на својата партнерка. На тој начин, тие ќе можат да создадат многу поздрав и поблизок однос со неа.