5 начини на кои Фејсбук ни го промени животот за 10 години

5 начини на кои Фејсбук ни го промени животот за 10 години

После 10 години постоење, колку што неодамна обележа Фејсбук, со 1,2 милијарди корисници, што е доволна бројка за еден цел посебен свет, можеме да забележиме колку тој нè промени, и на добро и на лошо.

5 начини на кои Фејсбук ни го промени животот за 10 години

1. Споделување

Добра страна: Најава на вашата свадба, објава за раѓањето на вашето дете, нова личност со која сте во врска, дипломирање, ново кутре кое сте го добиле на подарок? Листата на работи за кои можете да ги известите пријателите и роднините преку интернет е бесконечна. Само ставете статус и фотографија на вашиот профил и сите ќе бидат благовремено информирани за новостите во вашиот живот.

Денес ова го земаме здраво за готово, но можноста вашите битни моменти да ги споделите со луѓето со само еден клик на глувчето е нешто што пред ерата на Фејсбук не постоеше. Го имавме Мајспејс, ама нашите мајки, чичковци и тетки не го користеа.

Лоша страна: Прекумерно споделување. Некои луѓе забораваат да си постават граници, па со своите пријатели споделуваат и тоа што треба и тоа што тие не би требало да го видат. Вашиот вкусен оброк кој го сликнавте преку Инстаграм е во ред да го споделите со пријателите, но секојдневните извештаи за вашето двегодишно дете се едноставно премногу здодевни. Извинете, ама тоа се радости кои нема потреба да се споделат со пошироката јавност.

2. Во контакт со минатото

Добра страна: Од толку многу корисници, шансите да најдете некој на оваа мрежа се многу поголеми од пред 10 години. Една жена на 44-годишна возраст после повеќегодишни напори ја пронашла својата биолошка мајка на Фејсбук за само 2 дена.

Со помош на Фејсбук, ги пронаоѓаме пријателите од детството, луѓето кои одамна се отселиле во друга земја, цимерите од факултет со кои сме ја делеле студентската соба. Со многу луѓе од кој животот природно нè раздвојува, добиваме шанса повторно да се поврземе благодарение на мрежата на која „живее“ скоро 1/6 од населението.

Лоша страна: Понекогаш е добро да се разделиме од некои луѓе, на пример од личностите со кои повеќе не сме во љубовна врска. Исто така, адвокатите за развод тврдат дека бројот на бракови кои се распаѓаат под влијание на Фејсбук е значително пораснат. Искушенијата постоеле отсекогаш, само што сега е многу полесно да им подлегнеме.

3. Нè прави среќни

Добра страна: Според една студија која била спроведена во 2009 година на 2.600 студенти на Универзитетот Тексас, оние кои најмногу користат Фејсбук се најзадоволни од својот живот. Од поскоро време е студијата на Универзитетот Висконсин која покажала дека по 5-минутно гледање во својот профил на Фејсбук, испитаниците доживувале значително зголемување на самодовербата.

Лоша страна: Фејсбук може да нè направи и несреќни. Ако пријателите објават фотографии од своето летување на Карибите, споделат информација за своето унапредување на работа, се пофалат со својот нов љубовен статус или остават доказ за забавната ноќ која ја имале, тоа може да ни влијае да се чувствуваме потажно и понезадоволно од нашиот живот доколку некои од овие работи ни недостасуваат.

4. Секој ден е годишнина од матура

Добра страна: Воспоставувањето контакт со старите школски другари и другарки никогаш не било поедноставно.

Лоша страна: Доколку сме постојано во контакт со сите и имаме чувство како секој ден да се собираме на годишнина од матура на Фејсбук, зошто тогаш би организирале вистинска годишнина со средба во живо? Бројот на вакви настани во последно време се намалува, особено кога се во прашање луѓето во средните 20-ти години.

5. Приватност

Добра страна: Фејсбук има многу опции за прилагодување на степенот на приватност за различни видови податоци. Оние кои сакаат да ја ограничат видливоста на одредени информации и објави, можат да го направат тоа доколку малку прочепкаат по опциите.

Лоша страна: Ова ни е веќе добро познато. Многумина не знаат како да постават безбедносни ограничувања, а и оние кои знаат, не можат целосно да се заштитат од ризикот да им биде пробиен профилот, променета лозинката, или макар да бидат жртви на спам-пораки, на злоупотреба на нивните Фејсбук-податоци за други цели и друго.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар