5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате
И покрај тоа што БМВ има создадено многу автомобили на кои им се восхитуваме, тие имаат и неколку фантастични модели кои од разни причини се заглавени во фазата на концепт и никогаш не се произведени. И самиот конструктор сака да ги покажува своите одлични идеи на јавноста без да го преземе следниот чекор. Затоа може да се направи следната селекција од неколку модели кои никогаш нема да може некој од нас да ги поседува, од проста причина што нема ни да се произведат.
BMW Vision ConnectedDrive
Вакво БМВ веројатно не сте ни сонувале досега, но дизајнерот Адријан фан Хујдонк успеа да ја реализира својата импресивна замисла за автомобил на кој му е вградена последната технологија. Најинтересниот дел на BMW Vision ConnectedDrive е стаклениот дел од хаубата кој овозможува поглед во неговата внатрешност. Дел од иновациите кои се среќаваат кај него веќе може да се сретнат кај некои понови модели.
BMW GINA
Овој концепт е изработен од шефот на дизајнерскиот тим Крис Бенгл. Неговата цел не била да создаде дизајн наменет за производство, туку да им даде идеја на останатите дизајнери во која насока треба да се движи нивната работа во иднина. Карактеристиките на GINA веќе се имплементирани во некои модели, но со оглед на тоа колку добро изгледа, од компанијата би можеле да размислат да почнат и него да го произведуваат.
BMW 328 Hommage
Прекрасниот BMW 328 Hommage, како што кажува самиот назив, е омаж на едно постаро БМВ кое се натпреварувало на трката „1000 милји“ во периодот од 1927 до 1957 година. Неговиот изглед е просто неверојатен, вистинско дизајнерско чудо во ретро стил.
BMW M1 Hommage
Дизајнот на BMW M1 Hommage е инспириран од М–моделите на компанијата. Неверојатно но вистинито, од првиот М–модел, М1, не бил продаден ниту еден примерок поради превисоко поставената цена. Но и покрај тоа, БМВ продолжил да ја форсира таа серија која, за жал, нема да продолжи со производство на овој модел.
BMW CS
Секој љубител на автомобили би паднал на изгледот на BMW CS. Тој ги има карактеристичниот стил и агресивност за германскиот конструктор, но колку пари и да имате не можете да го поседувате затоа што никогаш не бил пуштен во производство.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.