5 митови за влијанието на сончевите зраци

5 митови за влијанието на сончевите зраци

Додека ние уживаме во прекрасните, топли сончеви зраци излежувајќи се на плажата или пиејќи го попладневното кафе, без потребната заштита нашата кожа пати. Ги издвојуваме митовите кои дополнително допринесуваат за тоа.

1-5-mitovi-za-vlijanieto-na-sonchevite-zraci-www.kafepauza.mk_

Мит 1: Потемнувањето е во ред сѐ додека не изгориме

Долготрајното изложување на сончеви зраци ја оштетува кожата, а со процесот на потемнување таа се обидува самата да се заштити од ултравиолетовите зраци кои штетно делуваат врз живите клетки на кожата. Со само една изгореница ја дуплираме шансата за развивање меланом. Затоа е важно да знаете дека кожата може самостојно да се брани од сонцето во период од 5 до 30 минути, а сето тоа зависи од типот на кожата, локацијата на сончање и добата од денот. Ако се изложувате на сонце подолго од тој период, не прескокнувајте го редовното нанесување на СПФ фактор кој содржи ефикасен УВА/УВБ состав на филтри за моментална и долготрајна заштита и го намалува ризикот од алергија на сонце

Мит 2: Чадорот штити од сонцето

Многумина сѐ уште веруваат дека чадорот ќе ги заштити од сонцето. Но, иако со своите шарени мотиви ја развеселува песочната плажа, чадорите не се целосно отпорни на сончевото зрачење. Покрај тоа, песокот рефлектира 17% од УВ зрачењето, па затоа седењето под сенка нема да ве заштити. Сепак, најпаметно е да останете под сенка во периодот кога сончевите зраци се најинтензивни, и ниту во тој случај немојте да заборавите да нанесете крема за сончање.

Мит 3: Сончевите зраци не поминуваат низ прозорите

Прозорското стакло ќе ве заштити од УВБ зраците кои предизвикуваат црвенило после претераното изложување на сонце, но не и од УВА зраците кои делуваат на прераното стареење на кожата и предизвикуваат брчки и пеги. Тоа најчесто ќе го искусите додека се возите во автомобил, па затоа не заборавајте да нанесете крема за сончање на лицето и рацете пред одењето на некое долго патување. Со тоа ќе се заштитите од УВА зраците.

2-5-mitovi-za-vlijanieto-na-sonchevite-zraci-www.kafepauza.mk_

Мит 4: Премногу крема за сончање предизвикува недостаток на витамин Д

Низ ултравиолетовите сончеви зраци нашето тело прима помош во произведувањето на витаминот Д кој е важен извор на калциум. Освен од сонцето, витамин Д внесуваме во организмот и преку храната како што е рибата, сирењето, житарките и млечните производи, но и низ мултивитамините. Дури и ако редовно нанесувате крема за сончање, мали количини на УВ зраци сепак продираат до вашата кожа, а тоа е доволно за поттикнување на производството на витамин Д.

Мит 5: Кога надвор е облачно, не ви е потребна крема за сончање

Доколку некогаш сте се сончале во текот на облачни денови, тогаш знаете дека ова не е вистина. Дури до 80% од сончевите зраци може да поминат низ облаците, па доколку не користите заштита од сонцето постојат големи шанси да завршите со сериозни изгореници. Топлината не е мерка за УВ нивото, бидејќи и во ладните денови тоа ниво може да биде доста високо.

Направете сами: Природен мирисен лосион за сончање со фактор 20 кој и децата ќе го обожаваат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар