5-минутен тест на личноста: Дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер?
Сакате да дознаете кое животно сте во животинскиот свет? Секое животно има свои силни страни и слабости. Направете го 5-минутниот тест од д-р Гери Смоли и дознајте дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер.
Пополнете ги со број од 1 до 4 карактеристиките подолу во зависност од тоа колку се однесуваат на вашата личност:
0 = воопшто; 1 = малку; 2 = претежно; 3 = многу
- __ Сакам авторитет
- __ Преземам контрола
- __ Одлучен/на
- __ Иницијативен/на
- __ Компетитивен/на
- __ Решавам проблеми
- __ Продуктивен/на
- __ Смел/а
- __ Носам одлуки
- __ Упорен/на
- __ Ентузијаст
- __ Преземам ризици
- __ Визионер
- __ Вербален/на
- __ Активист
- __ Популарен/на
- __ Весел/а и жив/а
- __ Сакам разновидност
- __ Спонтан/а
- __ Инспиративен/на
- __ Нежни чувства
- __ Лојален/на
- __ Смирен/а
- __ Сакам рутина
- __ Не сакам промени
- __ Попустлив/а
- __ Избегнувам судири
- __ Чувствителен/на
- __ Издржлив/а
- __ Помирувам страни
- __ Сакам инструкции
- __ Прецизен/на
- __ Конзистентен/на
- __ Предвидлив/а
- __ Практичен/на
- __ Реален/на
- __ Одговорен/на
- __ Сакам перфекција
- __ Внимавам на детали
- __ Аналитичен/на
Соберете ги бројките во секоја колона и забележете каде имате најмногу поени.
Колона 1 – Лав
Оваа личност сака да раководи. Лавот е добар во донесување одлуки и е силно ориентиран кон постигнување на целите. Тој ужива во предизвици, тешки задачи и можности за напредување. Може да згази преку луѓе за да ги постигне целите. Лавовите можат да бидат многу агресивни и компетитивни. Тие мораат да научат да не шефуваат премногу и да не преземаат контрола кога се работи за туѓа работа.
Силни страни: ориентиран кон цели, силен, директен
Слабости: склон кон расправање, премногу диктаторски настроен
Ограничувања: не сфаќа дека директниот пристап може да ги повреди другите
Колона 2 – Видра
Видрите се многу дружељубиви. Тие сакаат луѓе. Уживаат во популарнoоста и сакаат да влијаат и да ги мотивираат другите. Може да бидат повредени ако луѓето не ги сакаат. Обично имаат многу пријатели, но немаат длабоки врски. Тие сакаат да си бидат мрзеливи и да сработат помалку отколку што им е работа. Озлогласени се заради неуредните соби. Сакаат да брзаат и да ги завршуваат работите, но не премногу добро. Видрата е како тигарот од Вини Пу.
Силни страни: добра е со луѓе, отворена, позитивна
Слабости: многу зборува, премногу е попустлива
Ограничувања: заборава на своите обврски, треба да биде поисполнителна и дисциплинирана
Колона 3 – Златен ретривер
Добар во склопувањето пријателства. Многу лојален. Личноста на ретриверот не сака големи промени. Тие трагаат по сигурност. Можат да бидат многу сензитивни. Имаат длабоки врски, но обично само неколку навистина блиски пријатели. Сакаат да бидат сакани од сите. Бараат признанија. Најдобро работаат во ограничени ситуации со прецизен шаблон на работа.
Силни страни: прилагодлив, смирен, афирмативен
Слабости: неодлучен, индиферентен, неспособен да се изрази емотивно, премногу мек кон другите луѓе
Ограничувања: потребата да се докажува, барањето одговорност кај другите
Колона 4 – Дабар
Организиран, дабарот мисли дека постои вистинскиот начин за да се направи сѐ и тој сака да ги прави работите токму на тој начин. Личноста на дабарот е многу креативна. Тие сакаат да решат сѐ. Сакаат да си дадат време и да го направат она што го прават како што треба. Дабарите не сакаат ненадејни промени. Нив им треба сигурност и спокој.
Силни страни: високи стандарди, ред, почит
Слабости: нереални очекувања за себе и другите, премногу совршен
Ограничувања: гледање на оптимистичната страна на работите, изразување флексибилност
Па, кое животно сте вие?
mecka sum jas