5 места на планетата Земја каде што гравитацијата како да не постои

5 места на планетата Земја каде што гравитацијата како да не постои

Според универзалниот закон за гравитација, секои 2 тела се привлекуваат едно со друго, а токму ова нè држи „закачени“ за Земјата. Но, дали е вистина дека постојат места во светот каде што овој закон не важи? Погледнете ги 5-те места на Земјата каде што гравитацијата како да не постои.

1. Мистериозната точка во Сент Игнас, Мичиген, САД

(1)5-mesta-kade-shto-gravitacijata-navidum-ne-postoi-kafepauza.mk

Според приказната, неколку луѓе ја истражувале оваа област во 1950-тите. Кога стигнале до оваа точка, нивната опрема престанала да работи. Како што откриле по неколку тестови, проблемот се случувал само во радиус од 45 метри. На овој начин била пронајдена мистериозната точка. Овде работите може да се движат нагоре, луѓето можат да си подаваат тегови и можете да држите рамнотежа на ѕид. Иако ефектите се само оптичка илузија, сепак изгледа навистина забавно.

2. Мистериозната точка во Санта Круз, Калифорнија

(2)5-mesta-kade-shto-gravitacijata-navidum-ne-postoi-kafepauza.mk

Оваа точка е лоцирана во шумите надвор од Санта Круз, и има дијаметар од само 45 метри. Изгледа како луѓето да одат навалени, а работите да се тркалаат нагоре. Многу луѓе повеќепати се враќаат на ова место за да го искусат овој чуден феномен. Можеби верувате во феноменот, или ќе си го објасните како оптичка илузија, но дефинитивно изгледа импресивно.

3. Хуверова брана, Невада, САД

(3)5-mesta-kade-shto-gravitacijata-navidum-ne-postoi-kafepauza.mk

Ако некогаш ја посетите Хуверовата брана во Невада, не заборавајте да го направите овој експеримент. Истурете шише вода од браната и ќе забележите дека водата ќе се придвижи нагоре. Причината за ова е движењето на воздухот кое го создава структурата на браната. Всушност, водата оди нагоре поради ветар.

4. Магнетен Рид, Лех Ладах, Индија

(4)5-mesta-kade-shto-gravitacijata-navidum-ne-postoi-kafepauza.mk

Овој рид, кој е лоциран на еден национален автопат во Индија, наводно има магнетни својства кои можат да го придвижат автомобилот нагоре. Некои велат дека дури и авионите кои го надлетуваат ридот треба да ја зголемат својата висина. Додека некои луѓе веруваат во магија, другите сметаат дека станува збор за оптичка илузија создадена од изгледот на областа и околните ридови. Патот кој се движи надолу по ридот изгледа како да се движи нагоре. Ова место не е уникатно. Има вакви ридови низ целиот свет, вклучувајќи ги Канада, САД, Австралија и други.

5. Водопад, Фарски Острови

Можете ли да си замислите водопад чија вода се движи нагоре? Токму ваков е водопадот на Фарските Острови, лоцирани во Атлантскиот океан помеѓу Шкотска и Исланд. Во светот има многу вакви водопади, а тајната е во силниот ветар кој ја крева водата нагоре.

Погледнете и некои од најинтересните места на Земјата до кои луѓето немаат пристап.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар