5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

Магичната поларна светлина или аурора бореалис е вистинско чудо на природата! Се создава во атмосферата на Земјата на надморска височина од 100 до 400 километри кога наелектризираните соларни честички се заробени во магнетното поле на Земјата. Резултатот е магично и шарено небо. Во продолжение прочитајте на кои места може најубаво да ја доживеете магијата на аурора бореалис.

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

1. Исланд

Дури и без поларната светлина, Исланд со своите глечери, гејзири, водопади и вулкани, е дестинација која мора да ја посетите барем еднаш во животот. Географската широчина и должина на земјата се главните фактори кои го овозможуваат набљудувањето на поларната светлина, но временските услови не се секогаш поволни. Планината Киркјуфел ја нуди најубавата глетка на поларната светлина, а можете да ја набљудувате и од предградијата на Рејкјавик, особено од светилникот Грото. Најдобар период да се посети Исланд би бил од крајот на август до почетокот на април.

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

2. Фербанкс, Алјаска

Втор град по големина во Алјаска, Фербанкс е најдоброто место во САД за набљудување на поларната светлина. Има дури и свој систем за предвидување кога е највидлива поларната светлина и организира тури за набљудување на истата. За најдобро искуство, се препорачува да се посети од крајот на август до почетокот на април.

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

3. Јелоунајф, Канада

Јелоунајф може да се пофали со своето село Аурора кое нуди посебни активности кога станува збор за туризмот на поларната светлина. Канада е рај за набљудување на поларната светлина благодарение на нејзината северна географска широчина и малата светлинска загаденост. Националните паркови „Вуд Бафало“ и „Џаспер“ се исто така популарни места за гледање. Ви препорачуваме да го посетите ова место од почетокот на август до почетокот на мај.

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

4. Тромсе, Норвешка

Најголемата урбана област во Северна Норвешка се наоѓа на 350 километри северно од Арктичкиот круг, но благодарение на Голфската струја, брегот има умерени температури. На 30 км од Тромсе, во селото Ерсфјордботн, може да се види спектакуларна поларна светлина. Други познати локации за набљудување на аурора бореалис се Лофотенските Острови и градовите Алта, Нордкап и Киркенес. Најдобро место за посета е од средината на септември до крајот на март.

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

5. Северна Шведска и Финска

Најсеверниот шведски град Кируна е идеалното место доколку сакате да ја набљудувате поларната светлина. Тука ќе го најдете ледениот хотел како и националниот парк Абиско кој изобилува со ирваси. Времето овде е многу постабилно од норвешкото крајбрежје, но и многу постудено. Во близина на Рованијеми, главен центар на Лапонија, се наоѓаат националните паркови каде во зима можете да забележите замрзнати дрвја покриени со снег наречени „Тики“ скулптури, но и да уживате во аурора бореалис.

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина

Откако прочитавте на кои локации во светот можете да уживате во магијата на аурора бореалис, ви предлагаме да прочитате и кои се најубавите дестинации во Европа за оваа зима.

Извор: wannabemagazine.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар