5 магични факти што сигурно не сте ги знаеле за вашиот цервикс
Бидете искрени – дали знаете каде точно се наоѓа вашиот цервикс, односно грлото на матката? Ако одговорот е негативен, тогаш не сте единствени. Вашите партнери поминуваат многу повеќе време со него отколку вие, а ова сврзно ткиво на врвот на матката, што е буквално вратата до животот, се игнорира сè додека не настане некој проблем. Имајќи го тоа на ум, вашиот цервикс е полн со корисни информации, па во продолжение прочитајте ги најинтересните.
1. Вашиот цервикс постојано се менува
Во однос на тоа во која фаза сте од вашиот циклус, позицијата на цервиксот варира. За време на менструацијата, тој се наоѓа пониско и е поцврст (како врвот на вашиот нос), но исто така е и малку подотворен за да овозможи проток на крвта. Откако крвавењето ќе запре, цервиксот има тенденција да остане спуштен бидејќи е цврсто затворен, но додека се приближувате до овулацијата, тој се подигнува кон врвот на вагината и станува мек и влажен. За време на овулацијата, тој станува мек (како вашите усни), повисоко подигнат, отворен и многу влажен. По завршувањето на овулацијата, се стврднува и се затвора при подготовката за нова менструација.
2. Може да ви го промени сексуалниот живот!
Бидејќи вашиот цервикс се мрда нагоре-надолу, станувајќи помек или поцврст, поотворен или позатворен, одредени сексуални пози во одредени денови од месецот можат да бидат понепријатни за разлика од други. Ако почнете да обрнувате внимание на овие промени и ги научите движењата на цервиксот во текот на циклусот, можете да избегнете секаква болка при пенетрација и да го зголемите вашето задоволство.
3. Тој може да биде знак за плодност
Сите оние промени на цервиксот не се за џабе. Тие всушност се знаци за вашата плодност. Ако научите да го следите неговото движење, ќе знаете дека сте најплодни кога тој е на повисока позиција (понекогаш дури тешко се дофаќа) и кога е помек. Исто така можете да забележите и кога е подотворен, па ако планирате да забремените, ова е совршениот момент.
4. Ги зголемува магичните течности
Малите жлезди во цервиксот создаваат сопствени течности со супермоќи што ѝ помагаат на спермата да се насочи во правилната насока. Тие исто така можат да создадат и течности што служат како природен лубрикант. Најчесто веднаш по завршувањето на месечниот циклус, внатрешноста е посува, но како што се приближувате до овулацијата, таа станува полеплива и со покремаста структура. Додека сте во овулација, течноста е многу згусната, скоро како белка од јајце и токму оваа структура ѝ овозможува на спермата да преживее и да стигне до јајце клетката. Овие течности исто така имаат и механизми за чистење, помагајќи ви да ги исфрлите несаканите бактерии и мртвите клетки.
5. Може на целото ваше тело да му овозможи оргазам
И покрај тоа што е потребно вежбање за да се стигне до таму, вие можете да доживеете оргазам ширум целото тело доколку го стимулирате цервиксот. За разлика од оргазмот предизвикан од клиторисот, тој не се насобира за потоа одеднаш да исчезне, туку доаѓа во постојани бранови ширум целото тело. Кучешката поза е најдобриот начин да стигнете до него, но најпрво мора да го загреете цервиксот така што ќе научите да се релаксирате во други позиции.
Прочитајте ги и овие 10 вистини кои треба да ги знаете за ракот на грлото на матката.