5 криминални загатки за оние кои не гледале и читале залудно детективски приказни

5 криминални загатки за оние кои не гледале и читале залудно детективски приказни

Кога гледате детективски филмови, сигурно ги погодувате имињата на криминалците пред самите детективи, притоа извикувајќи „Па ајде, тоа е лесно!“ Затоа ви нудиме начин да ја тестирате вашата логика со овие 5 загатки. Видете дали би биле добри детективи.

5-zagatki-za-onie-koi-ne-gledale-icitale-detektivski-prikazni-zaludno-kafepauza.mk

1. Една колиба е ограбена. Сведочењето на соседот е: „Слушнав врева од колибата на моите соседи и отидов да проверам што се случува. За да погледнам внатре дувнав на замрзнатиот прозор и го видов нередот.“ Зошто полицијата го уапсила?

  • Одговор

    Прозорците замрзнуваат и се покриваат со мраз од внатре, а соседот рекол дека дувал на нив од надвор.

2. Една банка била ограбена за време на пожар. Еден чувар рекол дека сакал да спаси една торба со пари, но точно пред излезот за итни случаи тој се наведнал да си го заврзи чевелот. Тогаш вратата се отворила и го удрила по главата. Кога се разбудил, парите веќе ги немало. Зошто чуварот бил уапсен?

  • Одговор

    Поради безбедносни причини, сите излези за итни случаи се отвораат само кон надвор.

3. Терорист превземал авион. Тој побарал пари и 2 падобрани. Кога го добил сето тоа тој скокнал над пустина, но искористил само еден падобран. Зошто му бил потребен вториот?

  • Одговор

    За полицијата да помисли дека скокнал со заложник и да не му го оштети падобранот.

4. Една банка била ограбена. После неколку часа парите биле најдени во градина со кактуси. Кога осомничените биле уапсени, полицијата го забележала криминалецот за само неколку минути. Како?

  • Одговор

    Криминалецот имал гребнатини од кактусите.

5. Дел од инструкциите за полицајци е напишан на јазик кој тие ниту го знаат, ниту го разбираат. Зошто?

  • Одговор

    Овие инструкции се за тренирање кучиња, па само полицајците можат да им даваат команди.

Не ви беше доволно? Решете го и случајот за ова убиство!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар