5 креативно рециклирани авиони

5 креативно рециклирани авиони

Кога еден огромен Боинг 747 Џамбо Џет ќе биде доволно стар за да не се употребува повеќе, се создава навистина голема количина отпад на која треба да ѝ се најде место. За среќа, има луѓе кои се сетиле дека целото тоа железо може да се рециклира и од него да се добие нешто ново. Ова се петте најкреативни реупотреби.

Џамбо хостел

Овој Боинг 747 е изграден за компанијата Сингапур Ерлајнс, потоа го користела Пан Ам, а дотрајал како сопственост на шведската Трансџет. Останал во Стокхолм, но не како старо железо, туку како хостел. На местото на 450 седишта биле поставени 76 кревети, нов мебел, безжичен интернет и ЛЦД телевизори. Најатрактивен е апартманот кој се наоѓа во пилотската кабина, каде што сé уште стојат уредите за управување со авионот. Во хостелот доаѓаат патници од целиот свет, но е отворен и за оние кои не отседнуваат во него. Тие можат да дојдат да јадат, а храната им се служи исто како во авион кој што е во употреба, само што овде таа е многу поскапа.5 креативно рециклирани авиони5 креативно рециклирани авиони

Симулатор за летање во спалната соба

Еден од најкреативно рециклираните авиони е овој Боинг претворен во симулатор за летање. Сопственикот Џон Дејвис од Ковентри, Англија, поминал цели осум години во неговото дизајнирање. Во спалната соба ги донел оригиналните делови од Боингот, додал неколку ЛЦД монитори и софтвер за симулирање летови, за денес да има импресивен симулатор за кој наплаќа по 65 фунти на час, односно 420 фунти за шест часа.5 креативно рециклирани авиони

Еколошки дом

Франси Рехвалд од Калифорнија успеала на аукција да купи делови од урнат авион од коишто изградила целосно нова еколошка куќа. Ниту еден дел од Боингот не бил оставен да ‘рѓосува. Сè било употребено во изградбата. Крилата се претвориле во необичен покрив, трупот е употребен како гостинска соба и уметничко студио, а од носот е создадено совршено катче за медитација.5 креативно рециклирани авиони

Боинг 747 ресторан

Овој огромен авион денес веќе е целосно напуштен. Стои во корејскиот град Намјангџу-Си да сведочи дека овде некогаш имало необичен ресторан кој се простирал во цел авион.5 креативно рециклирани авиони

Експонат во музеј

Вашингтонскиот музеј Смитсонијан сакал да ги импресионира посетителите со нос на авион кој направил револуција во летањето, и тоа во оригинална големина. Но, токму кога сакале да почнат со изградба на реплика од Нортвест Ерлајнс го добиле цел авион, и тоа првиот кој воопшто го користела оваа компанија. Носот денеска стои во музејот, а посетителите кои ќе влезат во него можат да ја истражуваат добро зачуваната пилотска кабина. За жал, останатиот дел од авионот е оставен да ‘рѓосува на еден мал аеродром во Северна Каролина.5 креативно рециклирани авиони


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар