5 кратки приказни кои треба да ги читате секојдневно: Станете после секој пораз, а низ животот одете со мали чекори

5 кратки приказни кои треба да ги читате секојдневно: Станете после секој пораз, а низ животот одете со мали чекори

Животот е еден голем тест, а во секоја поучна приказна се крие важна лекција што ни помага да ја сфатиме суштината на животот, но и да ги пребродиме сите тешкотии кои се наоѓаат на нашиот пат. Во некои од нив ќе откриете колку се значајни малите работи во животот, во некои колку е голема верата во доброто, а во трети пак, колку е важно станувањето после секој пад. Денес ви раскажуваме 5 кратки приказни во кои се кријат големи поуки. Прочитајте ги веднаш и сетете се на нив секојпат кога ќе почувствувате тежина.

1-5-kratki-prikazni-koi-treba-da-gi-chitate-sekojdnevno-stanete-posle-sekoj-poraz-a-niz-zhivotot-odete-so-mali-chekori-www.kafepauza.mk_

1. Првата приказна за малите чекори

Вредниот совет на една мудра баба: „Ако ти е тешко во животот, оди со мали чекори, прави го сето она што треба малку по малку, чекор по чекор, не гледај во иднината и не размислувај за неа, немој да размислуваш ниту за утре. Измиј ги садовите, направи ручек, засади цвеќе, напиши писмо. Направи чекор, застани и одмори се, бидете горди на сите оние ситни чекори што сте ги направиле во текот на денот, потоа направете втор, трет и со тек на време вашите чекори ќе станат подолги….“

2. Втората приказна за паѓањето и станувањето

Еден ученик го прашал својот учител:

– Учителе, што би кажале кога би дознале за мојот пад?

– Стани!

– А, следниот пат?

– Повторно, стани!

– И колку паѓања и станувања можам да истрпам?

– Сѐ додека си жив, паѓаш и стануваш, бидејќи оние кои паднале и не станале, тие се мртви!

3-5-kratki-prikazni-koi-treba-da-gi-chitate-sekojdnevno-stanete-posle-sekoj-poraz-a-niz-zhivotot-odete-so-mali-chekori-www.kafepauza.mk_

3. Третата приказна за верата

Во еден мал град каде што жителите го ваделе својот леб од земјоделието, веќе подолго време немало заврнато дожд. Поседите полека започнале да се сушат, а жителите започнале да паничат и да бараат помош. Но, никако не успевале да ја најдат… Еден ден, тие решиле сите заедно да се соберат и да молат да заврне дожд. Така би успеале да ги спасат своите поседи, но и да се снабдат со храна за долгата зима. Сите се собрале, но само едно момче дошло носејќи чадор. Тоа се нарекува вера!

4-5-kratki-prikazni-koi-treba-da-gi-chitate-sekojdnevno-stanete-posle-sekoj-poraz-a-niz-zhivotot-odete-so-mali-chekori-www.kafepauza.mk_

4. Четвртата приказна за надежта

Еден дедо дознал дека страда од неизлечлива болест. Иако го дознал тоа, тој никогаш не престанал да се смее и да го живее својот живот како пред да ја дознае страшната вест. Неговото внуче постојано било со него и го охрабрувало. Дедото пак, постојано му велел дека никогаш нема да ја изгуби надежта. Детето еден ден го прашало: „Дедо, што е тоа надеж? Како ја стекна за никогаш да не ја изгубиш?“ Тогаш дедото му рекол: „Мил внучко, откако дознав за мојата болест, јас секоја вечер си легнувам во креветот без никаква гаранција дека ќе се разбудам следното утро, но и покрај тоа јас го навивам будилникот. Е тоа се вика надеж!“

5-5-kratki-prikazni-koi-treba-da-gi-chitate-sekojdnevno-stanete-posle-sekoj-poraz-a-niz-zhivotot-odete-so-mali-chekori-www.kafepauza.mk_

5. Петтата приказна за довербата

Еден татко честопати си играл со своето дете така што го фрлал во воздух, а потоа го фаќал. Мајката видно избезумена, плашејќи се дека ќе му се случи нешто на нејзиното дете постојано го опоменувала. Тој секогаш се насмевнувал и ѝ одговарал дека детето има доверба во него. Мајката пак, секогаш му возвраќала дека тоа е сѐ уште мало и дека нема поим од таа доблест. Еден ден додека таткото повторно си играл со детето, ја повикал мајката и ѝ рекол: „Види, иако е мало и сѐ уште не разбира, тоа секогаш се радува и се смее додека го фрлам во воздух. А, знаеш ли зошто? Бидејќи тоа знае дека секојпат ќе го фатам! На тој начин знам дека ја имам неговата доверба.“

6-5-kratki-prikazni-koi-treba-da-gi-chitate-sekojdnevno-stanete-posle-sekoj-poraz-a-niz-zhivotot-odete-so-mali-chekori-www.kafepauza.mk_

Прочитајте ги и овие 6 поучни приказни од менаџерскиот свет кои ќе ви користат во секојдневниот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар