5 јазици што можете да ги научите во 2019-та година
Секој ги знае придобивките од тоа да зборувате уште еден јазик, но како да се одлучите кој да го научите? Сепак за изучување јазик е потребно многу време, а ако не го користите јазикот целиот труд може да биде залуден. За потрагата да ви биде полесна, ова се некои од најдобрите јазици што можете да ги научите оваа година.
1. Шпански
Во светот постојат 330 милиони луѓе чиј мајчин јазик е шпанскиот. Кога станува збор за практичноста и употребата, шпанскиот е одличен избор.
2. Кинески
Иако изгледа како чуден избор, кинескиот може да биде навистина корисен во бизнисот и политиката. Ова е најзборуваниот јазик во светот – на 982 милиони луѓе им е мајчин, а над 1,1 милијарда го научиле како втор јазик. Мнозинството од овие луѓе живеат во Кина, но наскоро тоа ќе се промени.
3. Италијански
Италијанскиот е јазикот на класичната музика, модата, уметноста, храната и најдобрите модни брендови, па не е ни чудно што Шекспировата „Ромео и Јулија“ е сместена во Италија. Иако италијанскиот е можеби малку потежок од шпанскиот, фонетските звуци и времињата го прават лесен за учење.
4. Англиски
Англискиот е доминантниот јазик на Интернетот и денес речиси и да не можеме без него. Тој на некој начин стана универзален јазик и никогаш нема да погрешите доколку го научите.
5. Германски
Германија е најдоминантна економија во Европа, четврта најголема во светот и германскиот е најзборуваниот јазик на Европскиот континент. Германскиот им е мајчин јазик на 105 милиони луѓе, а над 80 милиони други го зборуваат како втор јазик. Доколку сакате да работите во Германија, познавањето на јазикот ќе ви направи голема разлика.
Погледнете и кои се најтешките јазици за учење.