5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

Исполнет со многубројни иконски згради, Њујорк отсекогаш бил впечатлив поради неговата архитектура. Токму неговата архитектура му помогна на градот да се трансформира од фарма, во метрополата што ни е позната денес. Всушност, градбите се толку испреплетени со градот, што речиси е невозможно да не помислите на овие згради кога го спомнувате Њујорк.

Додека спомениците како Статуата на слободата се често синоним за градот, постојат некои други градби кои ја симболизираат неговата богата историја. Па кои се најдобрите архитектонски дела во Њујорк што треба да ги видите? Листата може да биде навистина долга, но сепак, најмногу се истакнуваат следниве пет.

1. Емпаер стејт билдинг (1931)

5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

Тешко е да го замислите Њујорк без Емпаер стејт билдинг. Овој облакодер во арт деко стил ја имаше титулата највисока зграда цели 40 години, пред изградбата на Северната кула од Светскиот трговски центар. Лоцирана во центарот на Менхетен, градбата била конструирана на место што во 18-тиот век било фарма. За зградата имало понудено 15 дизајни, пред архитектите Шрив, Лемб и Хармон да се одлучат за она што го гледаме денес. Денес можете да се качите на опсерваторијата на 102-иот кат и да уживате во неверојатна панорама на Менхетен.

2. Зградата Крајслер (1930)

5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

Како олицетворение на американската арт деко архитектура, не можете да не ги видите облините на зградата Крајслер. Изграден како седиште на корпорацијата Крајслер, облакодерот отсекогаш се натпреварувал со Емпаер стејт билдинг. Всушност, зградата Крајслер уживаше во титулата највисока градба во светот, но само 11 месеци подоцна местото го зазема Емпаер стејт билдинг. Сепак, челична метална рамка со декоративниот метал и украсните скулптури, како и неверојатниот ентериер ја оставаат градбата помеѓу најдобрите примери од американската архитектура.

3. Зградата Флетајрон (1902)

5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

Иако не е висока како повеќето облакодери ви Њујорк, зградата Флетајрон со нејзините 20 ката била највисока кога била изградена на почетокот од 20-тиот век. Прво нарекувана Фулер, ова архитектонско чудо го добило новото име од нејзината форма, која наликува на пегла. Архитектот Даниел Бурнхам го направил дизајнот користејќи класични елементи – основата, оската и фасадата наликуваат на грчки столб. Засега Флетајрон е канцелариски објект, но сопствениците сакаат да ја трансформираат во хотел. Ова е најфотографираниот споменик во градот и често можете да го забележите во филмовите и ТВ сериите бидејќи веднаш потсетува на Њујорк.

4. Музејот Гугенхајм (1959)

5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

Не само што музејот Гугенхајм бил последниот проект на Френк Лојд Рајт, туку и целосно го променил начинот на којшто луѓето ја гледаат музејската архитектура. Иако на почетокот градбата добила многу лоши критики бидејќи наводно наликувала на огромна тоалетна школка, нејзината репутација само се зголемувала со текот на времето. Зградата привлекува исто толку внимание колку и уметничките дела што ги крие внатре, а уникатниот ентериер одлично ги води љубителите на уметноста низ колекцијата. Целта на Френк била да дизајнира храм на духот што ќе ѝ овозможи на јавноста да се вклучи во колекцијата на значаен начин. Познатата зграда продолжува да ги инспирира архитектите, кои покажуваат дека и дизајнот на градбата може да биде посебно уметничко дело.

5. Седиштето на Обединетите Нации (1952)

5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

Со цел да се дојде до совршената зграда која ќе биде седиште на ОН, биле собрани некои од најдобрите архитекти ширум светот. Овде спаѓале Оскар Нимајер и многу други од Кина, Австрлија, Белгија, Шведска и Велика Британија. На крајот биле комбинирани проектите од Оскар и Ле Корбизје со цел да се создаде иконското архитектонско ремек-дело. Изградена во интернационален стил, комплексот гледа кон Источната Река и пречекува над 1 милиони посетители годишно.

Погледнете ги и овие неверојатни фотографии од Њујорк од 19-ти и 20-ти век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар