5 илузии од општеството кои ги прифаќаме како реалност

5 илузии од општеството кои ги прифаќаме како реалност

Многу работи кои ги гледаме во светот се илузија. Ако земете парче цврста материја и ја ставите под микроскоп, таа ќе ја загуби својата цврстина. Ако го споредите вашиот поглед на светот со верувањата на некој друг, веројатно е дека ќе има несогласувања. Имаме многу религии, системи на верување, училишта и научни процеси кои тврдат дека се вистинските, но за секоја личност која смета дека е во право, постојат милиони кои се подготвени да му докажат спротивно. Погледнете некои од илузиите кои ни ги создава општеството, а ние ги прифаќаме како факт.

Храна

(1)5-iluzii-od-opshetstvoto-koi-gi-prifakjame-kako-realnost-kafepauza.mk

Овде не станува збор дека храната е илузија, таа сепак ни е потребна за да опстанеме. Но, проблемот е тоа што зависиме од други луѓе за храна. Само во последните неколку децении луѓето станаа целосно зависни од други кога станува збор за храната. Вистината е дека секој од нас ја има способноста да ја одгледува својата храна и да си создаде сопствена залиха на вода, а со тоа да овозможи речиси сè што му е потребно за опстанок. Општеството нè натерало да веруваме дека секогаш ќе бидеме зависни од надворешни извори за храна.

Работа

(2)5-iluzii-od-opshetstvoto-koi-gi-prifakjame-kako-realnost-kafepauza.mk

Причината зошто многу од нас не ја одгледуваат својата храна е зафатеноста на работното место, кое пак го имаме за да можеме да си купиме храна. Можеби работата не е толку лоша, но поголемиот број луѓе работат за да си овозможат работи кои баш и не се потребни, но самото општество налага дека мора да ги имаме. Ако го смениме индивидуалниот и колективниот фокус кон она што ни треба наместо кон она што го сакаме, можеби ќе ја отстраниме потребата да имаме работно место кое не ни служи и да живееме живот кој го сакаме.

Војна

Pictures Of The Week Photo Gallery

Сите војни имаат 2 страни, но ние секогаш ја правиме нашата страна добра и херојска, а другата патетична и плашлива. Илузијата овде е дека ние сме во право, а другата страна греши. Разните држави имаат разни култури и постојат многу злоупотребувања на човековите права во светот. Бидејќи некој ја сака демократијата, тоа не му дава право присилно да ја воведе и во остатокот од светот. Од војните нема никаква корист и со нив само се создаваат жртви и од двете страни.

Образование

(4)5-iluzii-od-opshetstvoto-koi-gi-prifakjame-kako-realnost-kafepauza.mk

Денешниот образовен систем е базиран на работа каде што нè тренираат да станеме дел од уште поголем систем. Пред нас е строг процес на учење, и тоа предмети кои ни се наметнати и додека некои се расправаат дали математиката е важен предмет, истовремено се учат многу непотребни работи. Образованието треба да биде прилагодено на потребите на децата, а бидејќи е фиксирано, одредени групи луѓе се изоставени. Основните вештини како комуникација, сочувство и лидерство се игнорираат и сме бомбардирани со информации кои не можеме ни да ги запомниме, ниту пак ќе ни користат.

Пари

(5)5-iluzii-od-opshetstvoto-koi-gi-prifakjame-kako-realnost-kafepauza.mk

Што се парите? Парите се најголемата илузија на општеството и во овој момент се неопходното нешто за опстанок. Вистината е дека баш и не се толку потребни. Парите се нешто кое се користи за размена кое навидум ни дава подобар живот. Сепак парите денес имаат поголема важност од самиот живот. Го жртвуваме нашиот воздух за пари. Ги жртвуваме екосистемите за пари. Нашата храна страда за пари. Нашето здравје страда за пари, а ова е само дел од штета што ја нанесуваат. Парите се гледаат како вистинска слобода, но вистината е дека тие всушност нè заробуваат. Ако ги немате, ги сакате, ако ги имате не сакате да ги изгубите. Можеби еден ден ќе постои свет без пари каде што неопходните работи како вода, храна, чист воздух и чиста средина ќе им бидат достапни на сите, а не само на оние што имаат пари.

Погледнете ги и овие контроверзни илустрации кои ја прикажуваат мрачната страна на денешното општество.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар