5 фрустрирачки научни митови во кои треба да престанете да верувате

5 фрустрирачки научни митови во кои треба да престанете да верувате

Науката е наука. Таа е една од оние универзални вистини, барем до последните неколку години, и се сметаше дека сите имаат некакво разбирање за неа. Но во последно време се појавуваат навистина чудни и многу често штетни движења против науката. Вистините за кои некогаш се сметало дека се цврсти факти, сега се под знак прашалник кај многу луѓе. На кратко, многу луѓе веруваат во многу смешни работи и се обидуваат да ја побијат науката. Ова се 5-те најфрустрирачки научни митови кои време е да изумрат.

5-frustrirachki-nauchni-mitovi-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

1. Сите природни работи се добри за вас, додека сите вештачки се лоши

Наводно, природните супстанци би требало очигледно да бидат поздрави и подобри од оние направени од човекот. Се разбира дека ова е точно, но само ако целосно ги игнорирате илјадниците природни супстанци кои можат да ве отрујат, да ве разболат, а понекогаш и да ве убијат. Најчесто овој аргумент се користи за шеќерот. Многу модерни гуруа за здрава исхрана тврдат дека секој вид шеќер e лош за телото. Тие сметаат дека храната треба да ја засладуваме само со природни засладувачи, како мед и јаворов сируп. Сепак, овде се покажува нивното незнаење за хемија – сахарозата која се наоѓа во медот е хемискиот клон на шеќерот кој го прават луѓето.

2. ГМО предизвикува рак

ГМО, или генетски модифицираните организми се центарот на многу дебати во последниве 2 децении. И овде се користи аргументот дека природното е подобро, па многумина сметаат дека секоја ГМО храна е штетна за здравјето. Луѓето кои се против оваа метода како доказ користат истражување кое нашло поврзаност помеѓу ГМО и појавата на рак. Но, ова истражување е одамна побиено и е повлечено само 1 година по објавувањето бидејќи имало фундаментални грешки во методологијата.

3. Вакцините предизвикуваат аутизам

Сигурно го имате слушнато ова. Во групата луѓе кои се против вакцините спаѓаат многу родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца со изговор дека вакцините предизвикуваат аутизам. Оригиналното истражување кое ја нашло оваа поврзаност се покажало дека користело манипулирани докази, а со тоа самото истражување е неважечко. И покрај тоа што верувањата на овие луѓе се побиени многу пати, тие не се откажуваат. Нивното верување дури предизвикува појава на болести кои до неодамна беа искоренети. За жал сè уште не е позната вистинската причина за аутизам, но има многу докази кои покажуваат дека вакцините не се тоа. Сепак аутизмот постоел и пред појавата на вакцините…

4. Нашите тела имаат потреба од редовна детоксикација

Постои верување дека модерниот живот го полни нашето тело со токсини, од воздухот кој го дишеме, до храната која ја јадеме. И за да се справиме со овие токсини мора да јадеме одредена храна и да земаме одредени лекови. Вистината е дека ништо од ова не е неопходно. Токсините постојано се исфрлаат од нашиот систем, а нашето тело успешно го прави тоа без посебни додатоци. Сè додека имате здрав дигестивен систем, нема потреба да правите детоксикација на вашето тело. Некои луѓе навистина имаат потреба од тоа, но повеќето не. Еден пример се луѓето кои имаат проблеми со бубрезите и кои одат на дијализа. Токму ова е правилна детоксикација, а не „чистење“ со сокови.

5. Хемикалиите се лоши

Хемикалиите најчесто имаат лоша репутација во очите на јавноста. И причината за тоа е добра – долги научни имиња кој никој не ги разбира и многу страшни приказни на вестите. Поради ова луѓето веднаш одбиваат нешто ако е поврзано со хемикалии. Но, хемикалиите се дел од сè. Се разбира, некои може да бидат отровни, но некои се есенцијални компоненти на здравиот живот. Постои аксробинска киселина, она што нам ни е познато како витамин Ц. Постои и метилтеобромин кој сигурно го консумирате секој ден, бидејќи тоа е кофеин.

Време да се откажеме од овие митови. Фактите се факти и нивното побивање може да направи вистинска штета.

Погледнете ги и митовите во кои веруваме поради моќта на рекламите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар