5 фази низ кои секоја срамежлива личност поминува кога треба да прозбори со непознат
Доколку сте навистина срамежливи и се најдете во ситуација некоја непозната личност да ви се обрати, тогаш со сигурност веќе знаете дека треба да помнете низ следниве 5 фази пред да го изустите првиот збор…
1. Негирање
„Чекајте, тоа прашање беше за мене? Нема шанси. Тој не ме ни познава. Зошто би зборувал со мене? Сигурно некој стои позади мене и всушност на него му се обраќа, па ако почнам јас да зборувам ќе биде многу чудно за сите. Тоа дефинитивно нема да се случи. Ќе се свртам суптилно да проверам да не има некој зад мене.“
2. Лутина
„Ох леле. Нема никој зад мене. ТОЈ МИ ЗБОРУВА МЕНЕ? ДАЛИ МЕ ЗАФРКАВА? ЗОШТО? ТОА Е ТОЛКУ ГЛУПАВО! ЗОШТО СМЕТА ДЕКА МОЖЕ НА КОМПЛЕТЕН СТРАНЕЦ ДА МУ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ? КАКОВ ИДИОТ. ТОЈ НЕ МЕ НИ ПОЗНАВА. ПОСТАВУВАЈ ИМ ГИ ТВОИТЕ ГЛУПАВИ ПРАШАЊА НА ТВОИТЕ ГЛУПАВИ ПРИЈАТЕЛИ!“
3. Пазарење
„Што ако се преправам дека сум глувонем/а? Тоа ќе успее нели? Ох Боже, те молам, извлечи ме од оваа ситуација и ветувам дека ќе одам секоја недела во црква. Некогаш дури и 2 пати во неделата! Се колнам во добрите очи на моето куче дека ќе бидам твојот најверен следбеник доколку го сториш ова за мене. Те молам.“
4. Депресија
„Ох, која е поентата веќе? Целиот мој живот толку многу се трудев да станам личност на која другите нема да сакаат да ѝ пристапуваат и едноставно не успеав. Што сум правел/а целиот мој живот? Сигурно само го трошев времето. Претпоставувам дека сите зборуваат со странци одвреме-навреме, па зошто тогаш воопшто да излегувам од мојот дом? Тоа само води кон разочарување.“
5. Прифаќање
„Знаете што? Не. Ќе бидам во ред. Ќе зборувам со оваа личност и сè ќе заврши добро. Не можам да се борам против тоа. Ова е само една од многуте пречки на патот со кои ќе се соочам во животот и ќе дозволам да помине како и сè останато кое доаѓа кон мене. Животот продолжува понатаму.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.