5 електронски уреди што трошат струја дури и кога се исклучени
Дали сте знаеле дека некои домаќински уреди водат „таен“ живот и продолжуваат да работат дури и тогаш кога не се вклучени? Доколку сакате да заштедите, прочитајте кои уреди трошат струја кога се исклучени…
1. Полнач без телефон = 1,2 вати дневно
Доколку го оставите полначот вклучен во штекер, тој ќе продолжи да троши струја дури и тогаш кога телефонот не е приклучен на него. Трошокот на струја е минимален, така што ова невнимание нема да се одрази многу на вашиот паричник.
2. Дигитален ТВ тјунер = 22 вати дневно
ТВ тјунерите продолжуваат да работат дури и откако ќе ги исклучите и годишно трошат струја во вредност од околу 1.215 денари. Повеќето од нас не ги ставаат тјунерите на стенд бај, бидејќи мислат дека доволно е само да го исклучат телевизорот. Тоа ќе доведе до 5 пати поголем трошок.
3. Телевизор = 24 вати дневно
Дали сте знаеле дека ако го притиснете копчето на телевизорот, ќе го ставите во стенд бај, но нема да го исклучите? На тој начин ќе потрошите струја во вредност од 1.380 денари на годишно ниво.
4. Компјутери и лаптопи = 96 вати дневно
Дури и кога се исклучени, компјутерите и лаптопите продолжуваат со работа. Токму затоа, доколку ги исклучите од штекер, ќе можете да заштедите дури 5.515 денари годишно. Оние кои ги оставаат машините на стенд бај, слободно можат да го помножат овој износ со 1,5.
5. Уреди со тајмер = 108 вати дневно
Малиот детаљ како што е тајмерот може да ви каже дали вашиот уред е сѐ уште вклучен. Доколку ваквиот уред го исклучите од штекер, ќе можете да заштедите околу 6.300 денари годишно.
Дали треба да ги исклучувате овие уреди од штекер?
За некои, овие бројки ќе бидат безначајни, додека други ќе бидат импресионирани. Во секој случај, вреди да ги исклучувате уредите од штекер, бидејќи секој непредвиден проток на струја може да ве остави без пари и со куќа полна со изгорени уреди.
Во продолжение прочитајте како да заштедите пари на струја.