5 докази дека патувањето низ времето сепак е можно

5 докази дека патувањето низ времето сепак е можно

Не знаеме дали постои патување низ времето и како тоа навистина изгледа, но овие вистинити случки досега никој не успеал да ги објасни.

1. Рачен часовник во Кинеска гробница

1-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mk

Кинеските археолози во 2008 година ги истражувале гробниците Си Кинг. Во нив, меѓу другите нешта нашле и мал модерен часовник. Бил застанат на 10:06, а на него пишувало „Швајцарија“. Како овој часовник се нашол во гробницата на династијата Минг, кога во минатите 400 години никој ја немал откопано? Инаку рачните модерни часовници се измислени два века подоцна.

2. Хипстер на фотографијата?

2-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mk

Оваа фотографија е направена во 1940 година во Канада на отворањето на мостот „Голд Бриџ“. Ништо невообичаено нели? Освен момчето во средината кое носи модерни очила за сонце, блузон, маица со апликација и камера. Ништо од сето ова не постоело во четириесеттите години на минатиот век.

3. Мобилен телефон

Погледнете го видеото, внимателно!

Ова е снимка од 1938 година од филмот на Чарли Чаплин. Во 1938, мобилен телефон? Ова е само претпоставка која никој никогаш не успеал да ја демантира.

4. Цеде во XIX век

3-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mk

Цедето е измислено во осумдесеттите години. Малку е чудно што се наоѓа прикажано на платно од XIX век, поточно 1800 година. Стручните лица велат дека изгледот и димензиите совршено се поклопуваат.

5. Повреден во сообраќајка

5-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mk

Во средината на јуни во 1950 година бил удрен од автомобил еден млад човек. Човекот бил облечен во склад со модата на XIX век. Кога се разбудил од кома во болницата кажал дека се вика Рудолф Фентз. Потоа откриле дека тој исчезнал во 1876 година. Му нашле и писмо од 1876 година, сметка за продукти за нега на коњ, стари банкноти и други предмети од XIX век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар