5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

Од Дороти Паркер до Маргарет Тачер, еве што кажале едни од најпознатите жени на сите времиња. Ова се 5 кратки цитати од познатите мудри и успешни жени.

„Ми се допаѓа тоа што сум мажена. Толку е прекрасно да ја најдеш таа посебна личност на која сакаш да ѝ одиш на нерви до крајот на твојот живот.“ – Рита Руднер, американска комичарка, писателка и актерка

Нема совршен брак ниту совршена врска. Постојат моменти кога другата личност ќе ви оди на нерви, а и вие неа, но тоа е во ред. Најбитното е што на крајот на денот може да заминете во нечии прегратки и да заборавите на сите грижи и проблеми.

5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

„Таа жена зборува 18 јазици, а не знае да каже ‘не’ на ниеден од нив.“ – Дороти Паркер, поетеса, писателка, критичарка, позната по своето мудро и сатирично изразување

Една од најлошите особини која човек може да ја има е неспособноста да рече „не“. Работата е во тоа што никогаш не би успеале секому да удоволите, а од добар дел од луѓето нема да добиете повратна услуга кога ќе имате потреба. Научете да одречете, негирате или одбиете правење услуга.

5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

„Жената може да го промени мажот само додека тој е бебе.“ – Натали Вуд, американска актерка со руско потекло

Луѓето не се менуваат. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку повеќе ќе се поштедиме од залудни обиди. На крајот на краиштата, зошто би биле во врска со некој кој сакате да го промените?

„Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано обрати се на маж, ако сакаш нешто да биде направено обрати ѝ се на жена.“ – Маргарет Тачер, поранешен лидер на конзервативната партија и премиер на Британија; позната како челичната дама

Маргарет Тачер е жена која засекогаш ќе остане запаметена. Својот авторитет во политиката го изгради врз моќта да биде доследна на своите ветувања и да ги исполнува своите обврски. Таа ги поттикнала жените да бидат мудри, снаодливи, грижливи и моќно да балансираат меѓу кариерата и семејството.

5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

„Не сакам да стигнам до крајот на животот и да откријам дека сум ја живеела само неговата должина. Сакам да го проживеам животот и во целата негова широчина.“ – Дајен Акерман, американска авторка и поетеса

Има разлика меѓу преживување и живеење. Бидете слободни да го искусите животот на најубав начин и дајте го најдоброто од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар