5 чудни нешта што веројатно не сте ги знаеле за Чернобил

5 чудни нешта што веројатно не сте ги знаеле за Чернобил

Нуклеарната електрана Чернобил експлодира пред повеќе од 3 децении, односно во 1986-та година. Додека повеќето ја знаат општата приказна – поради човечка грешка, нуклеарниот реактор експлодира и ослободи радиоактивен материјал ширум Европа, малкумина ги знаат ситните детали. Во продолжение погледнете 5 чудни факти за Чернобил кои веројатно не сте ги знаеле.

5 чудни нешта за Чернобил што веројатно не сте ги знаеле

1. Слично на Хирошима

Околу 30.000 луѓе биле во близина на реакторот на Чернобил, кога на 26-ти април 1986-та година се случила експлозијата. Оние кои биле изложени на радијацијата се верува дека добиле околу 45 рема (рем е мерка за доза радијација). Ова е слично на просечната доза што ја добиле преживеаните после атомската бомба во Хирошима во 1945-та година.

Иако 45 рема не се доволно да предизвикаат радијациска болест, која се појавува на околу 20 рема, сепак го зголемува ризикот од рак за 1,8%. Ова значи дека би имало плус 500 смртни случаи од рак покрај 6.000-те случаи на рак од природни причини.

Сепак, пресметка од 2006-та година од страна на Атомската енергетска агенција (IAEA) покажала многу поголем ризик од рак. Од агенцијата го разгледувале целото распределување на радијацијата, кое од Европа стигнало и до САД, и пресметале дека кумулативната доза радијација од Чернобил изнесува 10 милиони реми. Ова би значело 4.000 дополнителни смртни случаи од рак.

2. Најштетниот период завршил за само неколку недели

Почетната експлозија била огромна, но најголемата штета од радијацијата се случила во првите неколку недели. За полесно да си ја претставите, замислете си ја радијацијата како фрагменти кои летаат кон надвор како што експлодира јадрото.

Секое јадро може да експлодира и да ослободи радијација само еднаш. Само 15 минути по експлозијата во Чернобил, радиоактивноста се намалила на една четвртина од нејзината вообичаена вредност. После еден ден се намалила на 1/15, а после 3 месеци на помалку од 1%.

Но, траги има и денес. Поголем дел од радијацијата буквално летнала во воздух и само радијацијата во близина на земјата имала влијание врз населението.

3. Загинале дузина пожарникари

Експлозијата во Чернобил не само што ослободила радијација, туку започнала и пожар во електраната. Пожарникарите кои се обидувале да ги сопрат пламените биле изложени на високо ниво на радијација и дузина од нив умреле од труење со радијација. Секој од пожарникарите бил изложен на над 1 квадрилион гама зраци. Но што значи ова?

Гама зраците, пенетрирачки вид радијација кој се ослободува од нуклеарното оружје, бомби и експлозии на реактори, е како навистина силен рендгенски зрак. Постојат околу 10 трилиони гама зраци во 1 рем радијација.

Личноста која би добила доза од 100 реми, најверојатно не би забележала бидејќи организмот ќе ја поправи штетата без да се разболи. На 20 реми, кај личноста настанува труење од радијација. Пациентите кои добиваат хемотерапија понекогаш искусуваат вакво разболување, кое предизвикува страни ефекти како паѓање на косата и гадење.

Луѓето кои биле изложени на 30 реми имаат добри шанси да умрат, особено ако не добијат итен третман, како трансфузија на крв.

4. Немало зграда за задржување

Во Чернобил имало пропуст во една од мерките за безбедност – немало зграда за задржување. Оваа градба е како школка што го опкружува реакторот. Најчесто има форма на купола и е направена од бетон појачан со челик. Градбата е дизајнирана со цел да ги задржи продуктите од фисијата кои би можеле да се ослободат во воздухот за време на несреќа. Доколку во Чернобил имало ваква зграда, постои можност да немало ниту еден смртен случај.

5. Денес овде има див свет

Луѓето биле евакуирани веднаш по експлозијата, а после нив се населиле животните. Според истражување од 2015-та година, бројот на вепари, лосови и елени кои живеат во исклучената зона е речиси ист како во ближните незагадени природни засолништа. Најдобро им оди на волците, чиј број е 7 пати поголем од околните живеалишта.

Ова не значи дека радијацијата е добра за дивиот свет, туку дека ефектите од луѓето, како ловење и фармерство, се многу полоши. Сепак, научниците истакнале дека дивиот живот е помалку броен за разлика од другите заштитени региони во Европа, укажувајќи дека радијацијата сè уште има влијание.

Погледнете и кои се најрадиоактивните места на Земјата каде што и денес живеат луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар