5 божиќни села кои треба да ги посетите ако верувате во бајки
Како мали, а можеби и сега, сигурно сте ги гледале познатите божиќни филмови и сте уживале во нивната атмосфера. Но, што ако можете да ги посетите таквите места во вистинскиот живот? Овие божиќни пазари се едни од најубавите и највеселите во светот. Ќе се чувствувате како да сте во вистинска божиќна бајка.
1. Божиќниот пазар во Виена, Австрија
Секој Божиќ во Виена се одржува неверојатен божиќен пазар. Се пеат божиќни песни, можете да правите свеќи и колачиња, и има изобилство од прекрасна божиќна храна. Фестивалот трае од 17-ти ноември до 26-ти декември. Па, ако сакате нешто различно, посетете го овој неверојатен настан.
2. Божиќниот пазар во Фиренца, Италија
Овој пазар е само еден од многуте настани во Фиренца во оваа сезона. И овде можете да учествувате во секакви работилници, и не заборавајте да се стоплите со греено вино и да купите некој дрвен украс за вашата елка. Пазарот е отворен од 28-ми ноември до 17-ти декември. Улиците и плоштадите во Фиренца се украсени со прекрасни светилки, машни и лампиони, па подгответе се да направите неверојатни фотографии. Во срцето на градот се поставува огромна елка која сигурно ќе сакате да ја видите.
3. Селото на Дедо Мраз во Лапонија, Финска
Ова село можете да го посетите во текот на целата година. Во него има цел парк со моторни санки, како и фарма со елени и хаски. Не заборавајте да го посетите и светот на снешкото во кој има хотел со иглу, санкање и многу други работи. Можете да го посетите и замрзнатиот бар ако сакате некоја пијачка и да наздравите за совршениот празник.
4. Божиќниот пазар во Стразбур, Франција
Овој пазар традиционално се одржува од 1570-та година. Ќе слушате црковни ѕвона кои го доловуваат божиќниот дух, а во воздухот се шири арома на сезонска храна. Не заборавајте да го пробате грееното вино и палачинките кои се заштитен знак на фестивалот. Пазарот е отворен од 24-ти ноември до 24-ти декември. Јадете, пијте и бидете среќни бидејќи таква е сезоната.
5. Божиќниот пазар во Денвер, Колорадо
Со многу жива музика и танцување, овој пазар сигурно ќе ве држи на нозе. Овде можете да пробате колачиња од ѓумбир, леб со марципан, германски леб со сирење, колбас направен на јаглен, греено зачинето вино и уште многу неверојатни деликатеси. Препорачливо е да отидете со полн паричник бидејќи има безброј тезги со прекрасни кристални украси, рачно изработени садови и уште многу дури работи. Пазарот е отворен од 17-ти ноември до 23-ти декември.
Погледнете ги и овие идеи за божиќно патување.
Mnogu e ubavo ba se posetat mestata