5 бизарни обичаи ширум светот
Навистина има многу бизарни обичаи во светот за кои знаеме многу малку. Издвоивме 5 од нив кои навистина се чудни. Не знаеме кој да го избереме за најчуден, па проценете сами дали е почудно да танцувате со мртвите или да не одите во тоалет три дена по венчавката.
1. Во Бразил и Венецуела ги јадат своите најблиски кои починале
Бразилското и венецуелско племе Јонамамо е познато по тоа што членовите на племето „уживаат“ на гозба по смртта на член на семејство. Но, она што го јадат или она што го ставаат во своето тело е навистина одвратно. Имено, традицијата им забранува да го остават човечкото тело во својата примарна форма по смртта, односно погребување како што знаеме ние за тоа, па тие започнуваат процес на кремирање. По смртта, членовите на семејството ги споделуваат остатоците од пепелта и ги јадат. Причината што тие го прават ова е навистина посебна – дека мртвите никогаш не забораваат.
2. Камшикување во исламските земји и Индија
Иако сме против самоповредување, денес има верници кои сè уште практикуваат антички обичаи. Едно од нив е почесното камшикување за време на денот на жалоста за Мухарем, внукот на Мухамед, кој беше убиен со 72 воини во битката кај Карбала. Обожавателите од Индија и исламските земји му оддаваат почит еднаш годишно со тоа што ќе се приклучат на поворката за време на прославата. Поворката не е пријатна за гледање бидејќи мажите се камшикуваат на грбот со ланци.
3. Во Мадагаскар танцуваат со мртвите
Иако ова се случува сè помалку, племето Малгашки во Мадагаскар има една морбидна традиција за многумина. На секои седум години, тие ги вадат своите најблиски од гробовите и ги завиткуваат во свежо бело платно. Сето ова, сепак, не би било толку чудно доколку не ги кренат телата во воздухот и танцуваат околу гробовите на звуците на музиката. Интересна традиција, но полека изумира.
4. Ритуал на иницијација – преминување од момче до возрасен маж во Бразил
Добро е познато дека племињата за кои многу малку знаеме денес сè уште ги негуваат традициите на своите предци. Едно од оние што го привлекоа вниманието е племето Сатаре Маве во Бразил. За да може момче, член на племе, да стане возрасен маж, треба да помине ритуал на иницијација. Ритуалот е, пред сè, болен и се состои во туркање на рацете во корпа со мравки чии убоди се страшно болни. Тие се нарекуваат и Paraponera clavata или попозната како „angry bullet ant“ и се меѓу петте животни чии убоди се најболни.
5. На членовите на едно индонезиско племе им е забрането да користат тоалет три дена по венчавката
Сега замислете ја следнава ситуација: се подготвувате за венчавката половина година и гледате што јадете, сè со цел да се вклопите во креацијата на облеката што сте ја одбрале за вашиот посебен ден. Денот на венчавката пристигна и со нетрпение очекувате да уживате во храната. Но, замислете дека сега не ви е дозволено да одите во тоалет три дена по венчавката. Звучи смешно, но тоа е традиција што ја негуваат членовите на индонезиското племе Тидонг. Имено, по венчавката, на младенците им е забрането да одат во тоалет три дена, а се верува дека причината е што овој чин повикува на среќен брак.
Прочитајте и како изгледа животот во племето Агора.