5 бесмислени заблуди за мажите

5 бесмислени заблуди за мажите

Многупати слушаме како некои работи се поврзуваат со мажите, кои всушност немаат врска со реалноста. Вистината ќе ви помогне да му пристапувате на спротивниот пол со поотворен ум.

5 бесмислени заблуди за мажите

Колку поголеми стапала, дланки, нос, толку поголем…

Големината на пенисот, прстите и клиторисот зависи од гените, но должината на едно нема врска со големината на друго. Во една студија спроведена на 3.000 мажи не била пронајдена ниту една поврзаност помеѓу стапалата и машкоста, така што оваа теорија целосно паѓа во вода

Ако ја избричат брадата или косата, побрзо ќе им пораснат погусти и појаки влакна

Да беше така, сите мажи ќе имаа густи коси, како од рекламите за шампони. Но, за жал, сведоци сме на честа појава на ќелавост која го побива ваквото верување.

Спермата е калорична

Спермата се состои од вода и хранливи состојки како витамин Ц, калциум и магнезиум. Содржи и фруктоза, но сепак вкупната калорична вредност на количина сперма од еден оргазам изнесува само 7 калории.

Мажите кои се сингл повеќе уживаат во сексот одошто оженетите мажи

Постои некое мислење дека на врзаните мажи сексот им е досаден, додека слободните риби повеќе се забавуваат. Но, истражувањата доведуваат до спротивни резултати. Женетите мажи почесто имаат секс. Во едно истражување од 2006 се утврдило дека на оженетите мажи им се посреќува почесто, и тоа за 28% повеќе во споредба со неоженетите. Покрај тоа, оженетите мажи доживуваат повеќе оргазми и почесто имаат орален секс.

Мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди

Никој нема таков ментален склоп, вели д-р Арон Керол. Едно американско истражување има откриено дека 43% од мажите не помислуваат на секс ниту еднаш во текот на еден ден. Вистината за жал или за среќа не е толку интересна. Мажите генерално мислат на секс само неколку пати неделно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар