45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските

45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските

Начинот на кој комуницирате со вашите најблиски пријатели понекогаш звучи чудно за луѓето кои не ве познаваат добро. Но, од друга страна пак, пријателите ве познаваат доволно добро за да разберат дека вашиот сарказам и шеги се исполнети со многу љубов и токму затоа се подготвени да ви возвратат во иста мера. И бидејќи сите ние имаме барем еден пријател кој е опседнат со годините, погледнете ги следниве забавни начини на кои можете да му/ѝ го честитате следниот роденден.

45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските

1. Како што старееш, почнуваат да се случуваат 3 работи. Прво почнуваш да го губиш помнењето, а на останатите 2 не можам да се сетам.

2. Како добро вино, така и ние стануваме подобри со годините. Или поточно, ние се чувствуваме подобро за нашите години со помош на многу вино. Среќен роденден!

3. Одлично е да изгледаш како 50-годишен доколку имаш 60 години.

4. Среќен роденден! Сега си еден чекор поблизу до бесплатно возење во автобусите на ЈСП.

5. Ти старееш, а јас се опијанувам. Среќен роденден!

6. Среќен роденден стар пријателу! И кога велам „стар“ мислам на тоа што те знам многу долго… Но, ти исто така си и стар… И пријател.

7. Дозволи ми културно да ти предложам ова да биде годината во која ќе почнеш да лажеш за годините.

8. Не гледај на годините како на стареење, туку како на станување класика.

9. Само што стигна до возраст на која сите комплименти ќе започнуваат со „за твои години…“

10. Ако сите баби изгледаа толку добро како тебе, никој немаше да се грижи дали тие прават колачиња.

11. Забавувај се на твојот роденден и не се грижи за стареењето. И онака тоа почна да се случува пред неколку години…

12. Дали знаеш зошто старците носат чорапи со сандали? Е па ти си една година поблизу до откритието. Среќен роденден!

13. Не ми се верува дека имаш 50 години. Мислам, не ми се верува дека имаш само 50 години. Мислев дека си многу постар/а.

14. Нема да правам шеги за твојата возраст затоа што навистина се чувствувам незгодно што си толку си стар/а.

15. Многу полесно ми беше да запомнам колку години имаш кога секоја година полнеше 29…

16. Можам да те опишам со само еден збор – Винтиџ! Среќен роденден!

20. Имам еден совет за твојот роденден… Смеј се додека имаш заби!

21. Со секоја година плус добиваш и ново место на телото кое постојано те боли…

22. Се надевам дека ќе доживееш да си толку стар, што твоето возење ќе ги ужасува другите.

Доколку вашите пријатели се навистина стари, тогаш можеби е подобро да им кажете дека годините не се важни. Сигурно и вие стареете, па време е сите да се потсетите дека тоа не е важно и дека сè ќе биде во ред. На забавен начин…

45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските

23. Твојот роденден вели: „Една година поблизу до пензија“, но твојот изглед вели: „Може ли да ја видам вашата лична карта?“ Среќен роденден!

24. Среќен роденден на личноста која се надевам дека ќе биде мој/а пријател/ка дури и тогаш кога ќе бидеме толку сенилни што нема да можеме да се сетиме на нашите родендени.

25. Стареењето е задолжително. Созревањето е дефинитивно по избор. Среќен роденден!

26. Барем не си толку стар/а колку што ќе бидеш следната година.

27. Постои една навистина паметна, богата и позната личност која се родила на денешен ден. Штета што тоа не си ти. Можеби следната година. Среќен роденден!

28. Како и многу жени на твојата возраст, така и ти имаш „26 години“. Среќен роденден!

29. Среќен роденден! И не се грижи. Да се биде еден ден постар може да направи разлика само кај овошјето.

30. Тајната да останете млади се крие во искрениот живот, бавното јадење и лажењето за своите години.

31. Ти немаш 30 години, ти имаш 18 со 12-годишно искуство!

32. Всушност твојот 42-ри роденден е твојот втор 21-ви роденден.

33. Како очекуваш да го помнам твојот роденден кога едноставно не изгледаш постаро? Среќен роденден!

34. Некои луѓе изгледаат старо, а се чувствуваат младо. Други луѓе изгледаат младо, но се чувствуваат старо. За разлика од нив, ние изгледаме младо и се чувствуваме младо!

Вашите пријатели веќе имаат бесценет подарок – вас! Луд, забавен и исклучителен пријател кој може да ги насмее во секое време! Па, зошто тогаш ви се потребни подароци? И покрај тоа што сигурно веќе сте му купиле подарок на вашиот пријател, зошто да не го излажете дека сте заборавиле? Еве неколку идеи и за тоа…

45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските

35. Всушност, сакав да ти купам нешто прекрасно, уникатно и одлично за твојот роденден, ама ништо не собираше во пликот.

36. Ти заслужуваш многу повеќе од само една честитка. Па, токму затоа ти го купив и зелениот плик. Се надевам дека не го искина! Среќен роденден!

37. Не ми се верува дека веќе помина една година од последниот пат кога не ти купив ништо за роденден. Среќен роденден!

38. Ти купив нешто што и двајцата многу го сакаме. Штета што го изедов додека доаѓав наваму.

39. Сакав да ти испратам нешто одлично за твојот роденден, ама не ме собираше во твоето поштенско сандаче.

Секогаш е одлично време за шега со која ќе ги натерате пријателите да се потсетат дека сте најдобри! Па, токму затоа насмејте ги до солзи со следниве неколку роденденски честитки…

45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските

40. Се надевам дека ќе го прославиш твојот роденден на истиот начин како што дојде на овој свет – гол/а и со викање!

41. Среќен роденден! Се надевам дека овој ден ќе ти биде исто толку возбудлив и забавен како што сум јас. Со среќа во тоа!

42. Сакав да ти направам торта со рум, но сега сум пијан/а и ти носам обична торта.

43. Постојат многу добри луѓе на светов и токму еден од нив би сакал да ти честита роденден.

44. Дојдов само за тортата.

45. Знаеш дека лудо си се забавувал кога ќе се разбудиш со мислите: „Чиј е овој двор?“, „Како се најдоа овие тетоважи на мене?“, „Каде ми е облеката?“

Прочитајте ги и овие забавни и смешни роденденски пораки.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар