40 нешта кои веќе не ги правиме благодарение на технологијата

40 нешта кои веќе не ги правиме благодарение на технологијата

Дали имате забележано колку работи во нашиот живот во последниве неколку години премногу се сменија? Колку нешта кои порано секојдневно ги правевме и не можевме да си го замислиме денот без нив, денес технологијата на некој начин ни ги одзема.

Се сеќавате ли како ви беше кога не знаевте кој ви ѕвони на телефон, кога им испраќавте разгледници на роднините од местата каде што одевте на одмор или пак, кога се допишувавте преку писма со оние од други градови?

40 нешта кои веќе не ги правиме благодарение на технологијата

Погледнете ја оваа листа од 40 нешта кои веќе не мораме или не можеме да ги правиме благодарение на технологијата…

1. Не се јавувате во кино/театар за да прашате кои филмови/претстави ги имаат на репертоар.

2. Не одите од агенција до агенција за да барате добри понуди за одмор.

3. Не ги снимате вашите омилени ТВ содржини на видео касети.

4. Не се јавувате на информации за да дознаете нечиј број на телефон.

5. Не употребувате јавни телефонски говорници.

6. Не резервирате билети за настани преку телефон.

7. Не го развивате филмот за да извадите фотографии.

8. Не залепувате огласи на прозорците од продавниците.

9. Не се јавувате на операторот за точно време.

10. Не носите со себе вокмени и дискмени.

11. Не пишувате писма рачно.

12. Не купувате фотоапарати за една употреба.

13. Не водите личен дневник.

14. Не плаќате сметки во пошта.

15. Не снимате касети со вашите омилени песни.

16. Не поседувате тефтерче за адреси и телефонски броеви.

17. Не го гледате патот на книжна мапа кога одите на патување.

18. Не пишувате рачно есеи за во училиште/факултет.

19. Не одите во банка за да завршите работа.

20. Не купувате весник во петок заради ТВ програмата.

21. Не поседувате енциклопедии.

22. Не испраќате разгледници.

23. Не испраќате љубовни писма.

24. Не барате информации во печатената верзија на Златна книга.

25. Не барате непознати странски зборови во печатен речник.

26. Не ги помните телефонските броеви.

27. Не гледате филмови од дивиди дискови и видео касети.

28. Немате пријатели од други градови со кои се допишувате преку писма.

29. Не чувате испринтани верзии од платените сметки.

30. Не користите пејџери.

31. Не праќате документи преку факс машина.

32. Не купувате, ниту пак поседувате цеде колекции.

33. Не плаќате со чекови.

34. Не правите фотоалбуми.

35. Не ги гледате ТВ сериите во терминот кога ги има на телевизија.

36. Не се советувате со лексикон за да проверите како точно се пишуваат одредени зборови.

37. Не вртите на информации да прашате кој последен ве барал.

38. Не купувате весници.

39. Не ги перете рачно алиштата.

40. Не се рекламирате во весници.

Има ли нешто што вие би го додале на оваа листа?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Иви Reply

    41. Не ги миете рачно садовите.

    42. Не играте со тетрис.

  2. Зоран Reply

    Ми недостига вртењето на антената за почиста слика 🙂

  3. ma ma Reply

    kolku samo ne e tocno… povekjeto od rabotite jas uste gi pravam i poznavam lugje koi seuste gi pravat…

  4. Иви Reply

    Пак јас. 🙂

    43. Не користите дискети.

  5. Цаци Reply

    некои од работите сеуште ги правам 😮
    како водење личен дневник и поседување тефтерче со телефонски броеви и адреси!
    понекогаш ми недостигаат тие времиња!

  6. Марјан Reply

    половина од овие работи сеуште се прават секојдневно (барем во Македонија)

  7. erm.... Reply

    90% od rabotite nekoj od nas seuste gi pravat, a cekovite ne se koristat od ekonomski pricini, a ako mislis na uplatnici… poveli na studentski

Остави коментар