40 мисли кои секоја вечер ве спречуваат да заспиете
Сигурно повеќепати сте се нашле во следнава ситуација: Веќе одамна поминало полноќ, исцрпени сте, но сонот никако да дојде. Тоа се случува најверојатно затоа што вашиот мозок е зафатен со едните исти мисли, одново и одново. А тие мисли се генерално слични за секој човек и изгледаат отприлика вака:
1. Ја заклучив вратата, нели?
2. Ако заспијам сега, ќе имам 6 часа и 17 минути солиден одмор.
3. Дали навистина го чув оној звук од кујната?
4. Ааа… Сигурно е мачката.
5. Чекај малку, мачката е тука…
6. Кој е тоа тогаш?
7. Премногу е топло.
8. А сега премногу е ладно.
9. Можам да ги почувствувам подочниците како се создаваат.
10. Утре ќе изгледам како воз да ме прегазил. Повеќе пати.
11. Ама чекај, од каде дојде тој звук претходно?
12. Ќе го држам телефонот и ќе спијам така, за секој случај.
13. Хм… А да проверам Инстаграм?
14. И можеби Фејсбук набрзина.
15. Еј, чекај, нова порака!
16. Значи, ако заспијам сега, ќе спијам 5 часа и 32 минути.
17. Го наместив ли алармот?
18. Што ако не се вклучи?
19. Јеее! Ладна е перницата!
20. Леле мајко! Што имам на рамото?! Пајак?
21. Уф, добро е, косата била.
22. Треба да се потстрижам.
23. Се прашувам колку ќе ме чини.
24. Можеби сам/а треба да се потстрижам.
25. Не, последниот пат не помина тоа баш најдобро.
26. Како се викаше филмот кога Бред Пит носи капа?
27. Имаше и уште еден тип…
28. Како се викаше тој?
29. Во меѓувреме, сите останати во куќава сигурно веќе спијат.
30. Дали тоа беше аларм? Пожар?
31. Би се изненадил/а ако некој од моите пријатели е буден сега.
32. Оф Господе, ми треба нов душек.
33. Ќе спијам на стомак.
34. Сега не можам да дишам. Ќе спијам на грб.
35. Поминаа два часа. Можев да правам нешто корисно целото ова време.
36. Ми се јаде.
37. Може треба да се опуштам и да уживам.
38. Ужина… Ми се јаде.
39. Ако заспијам сега, ќе имам 4 часа додека не се вклучи алармот.
40. Ај, батали! (го вклучува лаптопот)