4 „жешки“ локации на Инстаграм што вреди да се посетат и во живо

4 „жешки“ локации на Инстаграм што вреди да се посетат и во живо

Не постои подобро место за умствено скитање низ светот од Инстаграм. Оваа апликација ви овозможува да откриете неверојатни дестинации, тренди ресторани, уникатни музеи, прекрасни патеки за планинарење, идилични плажи и уште многу, многу други нешта. И секако, откако одредено време сте на оваа мрежа, едноставно почнувате да ги забележувате трендовите.

Дел од овие популарни дестинации најчесто не изгледаат толку сликовито колку што мислите, бидејќи самите фотографи ги обработуваат фотографиите пред да ги објават. Но, повеќето се навистина онакви како што изгледаат и без сомнение вреди да се посетат. Во продолжение следуваат најжешките Инстаграм дестинации што би сакале да ги видите и во живо.

1. Бурано, Италија

Шармантното рибарско село е на околу 1-часовно возење со брод од Венеција. Додека гужвата се фокусира на венециските канали, вие можете да го истражувате ова живописно и колоритно место. Таму ќе најдете розови, виолетови, зелени, кафени и портокалови куќи што можат да ви послужат како совршена позадина за сите ваши Инстаграм објави. Ова може ќе биде и најразнобојната локација што некогаш ќе ја посетите…

2. Маракеш, Мароко

Блогерите се целосно насочени кон ова неверојатно место и тоа воопшто не нè изненадува. Мароко е преполно со интересна архитектура, а сигурно ќе уживате и во тамошниот шопинг. Но, тоа не е сè што може да понуди оваа држава. Културата е толку жива што сите сетила ќе ви ги разбуди. Маракеш не наликува на ниту едно друго место што некогаш сте го посетиле, и неговата суштина не може да биде доловена со само една фотографија. Вие мора да го видите, помирисате, вкусите и слушнете Мароко за целосно да го впиете.

3. Тулум, Мексико

Колку пати и да се враќате во Тулум, постојано одново ќе се заљубувате во него. Многу е лесно да се разбере зошто тука туризмот сјае. Во ова мало гратче покрај плажа има по нешто за сечиј вкус. Можете да истражувате подводни пештери, да јадете тако од 50 центи, да посетите антички рушевини, да се одморите покрај плажата или едноставно да се возите со велосипед околу градот. Секогаш има можност за нова авантура во Тулум!

4. Санторини, Грција

Санторини е едно од оние магични места што сите треба да ги искусат барем еднаш. Вие ќе треба да станете многу рано или пак, да одите надвор од сезоната за да ја избегнете гужвата, но дефинитивно вреди да го посетите. Ќе откриете дури и дека островот е многу поживописен одошто изгледа на фотографиите. Бело-сините домови се уникатни, а изгрејсонцата и зајдисонцата се скоро надреални!

Дознајте и кои се најубавите базени во светот, според Инстаграм!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар